Ретка семејна фотографија од семејството на Раде Шербеџија: По 2 години, конечно ја виде ќерка си
Празниците ги поминаа заедно...
Познатиот актер Раде Шербеџија го помина Божиќ со семејството, а на своите следбеници на Фејсбук им се пофали со емотивна семејна фотка.
Од бракот со покојната балерина Иванка Церовац, Раде го доби синот Данило, како и ќерката Луција, која исто така тргна по неговите стапки и важи за успешна хрватска актерка.
Шербеџија потоа се ожени со театарската режисерка Ленка Удовицки, со која се уште ужива во бракот. Двајцата имаат три ќерки: Милица, Нина и Вања.
Бидејќи Вања живее во Австралија, пандемијата на корона вирусот го спречи семејството да се сретне порано, но сега гордиот Раде сподели прекрасна семејна фотографија и рече дека конечно повторно се заедно.
Актерот им го честиташе Божиќ на илјадници свои следбеници на Фејсбук и рече дека Божиќ го поминал со својата ќерка Вања, која ја немал видено две години.
„После две години што не сме ја виделе, нашата ќерка Вања дојде кај нас од далечната Австралија. Уживаме заедно и им посакуваме среќен Божиќ на сите што слават“ - напиша Шербеџија.
извор:nova.rs
фото:Facebook