Ријана ги навреди муслиманите: Пејачката се соочува со критики
Популарната американска пејачка Ријана се соочи со критиките на јавноста по непримерната употреба на исламскиот хадис во својата емисија за мода.
Имено, таа неодамна ја претстави својата линија со долна облека под назив „Savage X Fenty“ и користеше исламски хадис како музичка позадина.
Пејачката поради ова предизвика бес на социјалните мрежи, а обвинета е за непочитување на вредностите и основата на исламот, користејќи песна во која стиховите на хадистот со непочитување се вклопени во музиката.
Not at Rihanna disrespecting an entire religion but some of you still defending her..... pic.twitter.com/Y1xlJU8pqO
— Sina (busy) (@penguningning) October 5, 2020
Ова не е првпат Ријана да се соочи со критиките од исламската заедница. Таа во 2013 година беше исфрлена од Големата џамија во Абу Даби, бидејќи таму направија серија фотографии кои управата на верскиот комплекс ги прогласила за непримерни.
Idc how much u Stan Rihanna. If you aren’t Muslim you have no excuse of defending her with this situation. Our religion is not your aesthetic. Using Hadith with a music video like that is BEYOND disrespectful. pic.twitter.com/JYBgQlInP4
— sara (@iamsxraa) October 5, 2020