Ријана и АСАП Роки го прославија првиот роденден на синот: Семејните фотографии се конечно во јавност (ФОТО)
Никој не остана имун на нивните семејни фотографии...
Пејачката Ријана и нејзиниот избраник, раперот АСАП Роки, го прославија првиот роденден на нивниот син. Според изводот од матичната книга на родени која „People“ ја доби на увид, момчето РЗА Ателстон Мајерс е родено на 13 мај 2022 година, а по тој повод, познатиот татко ги почести своите обожаватели со низа семејни фотографии, кои ретко кој имал можност да ги види.
„Среќен роденден на мојот син“ - порача, па почна вистинска лавина од коментари.
Честитките и комплиментите не престануваат да се нижат.
Објавата содржи и едно кратко видео во кое раперот го држи својот син во раце и си игра со него. Овој момент многу ја разнежни и самата Ријана која со гордост следеше што прават тие двајца.
фото: Принтскрин / Инстаграм