Ријана на свет донесе момче: Еве зошто сите цело време мислевме дека носи женско

Ријана на свет донесе момче: Еве зошто сите цело време мислевме дека носи женско

Објавена во: Живот // Живот

Фотографите ја снимија како талка по продавница со нејзиниот тим за обезбедување и се восхитува на минијатурната верзија на капутот за девојчиња

Пејачката Ријана и нејзиното момче Асап Роки го добија своето прво бебе. Извор близок до парот за магазинот „People“ изјавил дека и двајцата се дома во Лос Анџелес со своето момче.

- Ријана е добро. Тие се многу возбудени што станаа родители. Ријана е веќе прекрасна мајка – вели изворот.

Точниот датум на раѓање е 13 мај, а единствено непознато останува името на бебето. Она што е познато и потврдено во јавноста е дека Ријана родила здраво момче.

Обожавателите се пресреќни поради оваа вест, а многумина на социјалните мрежи споделија возбуда и честитки до пејачката и нејзиниот партнер. Греми добитничката на јавноста во јануари ја објави својата бременост, а полот на бебето никогаш не беше спомнат. Пред породувањето, а речиси и пред крајот на бременоста, пејачката, судејќи по фотографиите, го посочила полот на бебето откако била забележана како купува облека за бебиња во голем трговски синџир во дел за девојчиња.

Фотографите ја снимија како талка низ продавницата со нејзиниот тим за обезбедување и се восхитува на минијатурната верзија на капутот за девојчиња.

Нејзините фанови веднаш по објавувањето на овие фотографии започнаа вистинска дебата на социјалните мрежи.

„Не можете да ме убедите дека Ријана не носи девојче“, напиша едно лице на Твитер. „Едноставно чувствувам дека Ријана носи девојче и никогаш за ништо не грешам“, гласеше друг коментар, а некои твитерџии беа подготвени да основаат обложувалница и да вложат пари бидејќи беа сигурни дека првото дете на Ријана ќе биде девојче.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: