Рита Ора сподели фотографија без шминка: Сите коментираат дека ваква изгледа подобро

Рита Ора сподели фотографија без шминка: Сите коментираат дека ваква изгледа подобро

Објавена во: Мода // Moj стил

Не изгледаат сите познати личности волку добро без шминка...

Навикнати сме да ги гледаме познатите личности со многу шминка на лицето, а потоа кога ќе објават селфи на некое немаат ни грам шминка, помалку сме изненадени од тоа колку добро изгледаат. Рита Ора дефинитивно е поубаво кога нема шминка.

Пејачката изгледа е на одмор, бидејќи еден поглед на нејзиниот Инстаграм профил е доволен да се сфати дека таа ужива. Ужива на сонцето и се капе, нема ни грам шминка, а пред неколку дена обожавателите ги почести и со фотографии во потполно природно издание, без никаков гламур и шминка, за кои доби безброј комплименти. Навикнати сме Рита да ја гледаме со фризура и шминка, ретко кога е без ништо на лицето. Ова е нејзиното стандардно издание на кое сме навикнати.

Уредените веѓи, контури, исцртани усни, фризура исфенирана до совршенство, тоа е Рита Ора каква што обожавателите имаат можност да ја видат на концертите, црвените килими или на вечерните излегувања, а ова сега е Рита Ора на одмор, опуштена, без шминка, со природна коса - изгледа одлично.

Собра многу комплименти од првата објавена фотографија од одмор. Можеби во тоа ѝ помогна тоа што е во костим за капење, па сите се воодушевуваа и на нејзиното тело, но на нас ни беше посебно интересно тоа што е без шминка. Изгледа многу подобро кога е во природно издание.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: