Роберто Крстиќ во јуни не можел да полага за син појас поради плускавци: Она што тогаш му го кажал тренерот сега предизвикува болка

Роберто Крстиќ во јуни не можел да полага за син појас поради плускавци: Она што тогаш му го кажал тренерот сега предизвикува болка

Објавена во: Живот // Живот

Босна и Херцеговина овој викенд овој викенд ја потресе ужасна трагедија која се случи на магистралниот пат М-17.

Тешката сообраќајна несреќа резултирала со загуба на 4 животи, од кои три биле членовите на семејството Крстиќ.

Таткото Борис, мајката Маријана и нивниот 9-годишен Роберто починале во ужасната несреќа, додека за животот на тригодишното девојче од ова семејството, докторите и понатаму се борат.

Роберто Крстиќ бил член на карате клубот Зрињски, а мостарскиот клуб одлучил со емотивна порака да се поздрави од малото момче.

Еден детаљ од порака погоди многумина, а во него се наведува дека Роберто не можел во јуни оваа година да полага за син појас, бидејќи имал плускавци, и дека тренерот му кажал дека на есен ќе има можност да го направи тоа.

Можност која за жал никогаш нема да ја дочека.

„Денес ни се случи голема трагедија. Долгогодишниот член од нашето карате семејство Роберто Крстиќ, со своите родители Борис и Маријана доживеа сообраќајна несреќа, а како последица од несреќата починаа.

Драги Роберто, твојата заразна насмевка и разиграност која те красеше на секој тренинг ќе остане засекогаш во нашите срца. Повеќе од сите деца го сакаше грбот на карате клубот Зрињски и секогаш со гордост го носеше ова обележје. Кога не беше во боите на карате клубот Зрињски, го носеше омилениот дрес од Хајдук. Никогаш не ги пропушташе тренинзите, иако живееше подалеку од сите пријатели со кои ја делеше салата.

Иако беше на почетокот на својот карате живот, веќе собра бројни награди на разни турнири и ја покажа својата упорност и желба за победа. Победите и поразите ги прифаќаше со насмевка, како што доликува на едно посебно и весело момче и вистински каратист. Плускавците те спречија во јуни да положиш за син појас, а тренерот ти порача дека има време за полагање, кога на есен ќе почнеме да тренираме.

Заедничкото време на овој свет повеќе немаме, но постои вечност каде еден ден ќе се сретнеме и ќе продолжиме каде што застанавме. А, ти дотогаш чувај нè од некое подобро место.

Секогаш ќе бидеш во нашите срца и ти и твоите родители, нема да дозволиме да избледе споменот на вас“ - се наведува во објавата на мостарскиот клуб.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: