Роби Вилијамс ги изненади сите: Немам телефон од 2006 година, но затоа секогаш имам wi-fi

Роби Вилијамс ги изненади сите: Немам телефон од 2006 година, но затоа секогаш имам wi-fi

Објавена во: Stars // Музика

Еден од најуспешните поп пејачи на денешницата, Роби Вилијамс вели дека нема мобилен телефон од 2006 година, пишува TheGuardian.

Вилијамс, кој има милиони следбеници на социјалните мрежи, гостувајќи во едно talk - snow, објасни дека се спасил од сѐ, бидејќи едноставно не сака телефони.

„Немам телефон од 2006 година. Јас сум секогаш на компјутер, секогаш имам wi-fi... Се спасив од телефонот, бидејќи едноставно не го сакам.“

Кога станува збор за социјалните мрежи, тој не си ги знае лозинките, само од една причина: „Немам лозинка на ништо, инаку мојата кариера би била готова... На одредени луѓе им кажувам што да постават таму.“

Тоа значи дека Роби никогаш немал паметен телефон, бидејќи ревулицијата на Ајфон започна во 2007 година.

Вилијам не е единствена позната личност без мобилен телефон. Во 2016 година, Елтон Џон кажа дека нема телефон, а исто така и Еди Редмејн.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: