Роден е со расцеп на усната и непцето: По двете операции ги освојува сите со неодоливата насмевка (ФОТО)

Роден е со расцеп на усната и непцето: По двете операции ги освојува сите со неодоливата насмевка (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Неговата насмевка сега е неодолива...

Мајката од Бирмингем, Меган Томпсон, ја слави прекрасната насмевка на својот син благодарение на вештата операција за корекција на расцепот на непцето.

Меган вели дека на нејзиното дете му бил дијагностициран расцеп на усната и непцето додека било во утробата. Таквата состојба се јавува кога делови од лицето на детето не се поврзуваат правилно за време на развојот во утробата.

Нејзиниот син Џорџ ова го наследил од неа, бидејќи и таа била родена со расцеп на усната и досега имала 7 операции за да го корегира истиот.

„Бев навистина вознемирена кога го дознав тоа, бидејќи се чувствував виновна. Досега немав видено дете со расцеп на усната, па се загрижив дали ќе можам да се грижам за него. Но, кога се роди, сите мои стравови едноставно исчезнаа. Мислев дека тоа е најубавото нешто. Томи и јас бевме навистина среќни“ - изјави Меган.

Кога се родил, Џорџ имал голема дупка под носот што го спречувала да цица, а на едното уво го изгубил слухот. Сега, 16-месечното дете има поминато две успешни опрации - едната кога имало само 6 месеци, а другата на 11.

„Тој сега напредува и да се види неговата насмевка по операцијата е неверојатно чувство. Изгледа многу посреќно. Сега е како друго дете“ - вели Меган, а потоа додаде:

„Повеќето луѓе беа љубезни кога го видоа Џорџ пред неговите операции, но секогаш ќе се сеќавам кога еден старец ми пријде и ми рече: „Како ќе му го поправиш лицето?“.“

Џорџ првата операција ја имал на само 6 месеци. Детето се чувствувало непријатно, но неговата мајка вели дека резултатите биле неверојатни. 

„Тој изгледаше неверојатно. И рефлуксот беше многу подобар“ - кажа МЕган.

По операцијата на 11 месеци, Џорџ сега може да направи сѐ што може едно нормално дете. Неговата мајка сака луѓето да знаат дека не е крај на светот ако имате такво дете.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: