Родена е без раце и нозе: Шие и продава чанти, учи да вози, готви
Дека границите не постојат докажа и оваа Американка која е родена без екстремитети. Таа не дозволила нејзината состојба да влијае на нејзината самостојност - готви, пишува, фотографира, шие, учи да вози...
Ејми Брукс од Питсбург има вродена маана која ги погодува сите четири екстремитети.
„Работите морам да ги правам поинаку отколку некој кој е потполно способен, но сеедно сепак можам да ги правам“ - вели Ејми.
Тврди дека своите способности ги има стекнато благодарение на љубовта на своето семејство кое ја посвоило и давало поддршка.
„Докторите на почетокот се сомневаа дека ќе бидам независна, но моите родители тоа не го прифатија“ - додаде таа.
Нејзините биолошки родители ја напуштиле набрзо по раѓањето. Толку претерале, што од персоналот во болницата барале да ја сместат во соба и не ја хранеле. За среќа, скоро па веднаш ја посвоило семејството Брукс.
Иако на Ејми ништо не и лесно, со текот на годините станувала повеќе независна и сега учи да вози. Таа го води својот сопствен Јутјуб канал по називот „How Does She Do It“ на кој на своите пријатели им покажаву како успева да ги изврши секојдневните задачи.
„Јутјуб каналот не беше нешто што сакав да го направам, бидејќи моментот да стојам пред камера ми е застрашувачки, но мислев дека тоа е единствениот начин како да допрам до другите“ - рече таа.
Сите нејзини видеозаписи се произведени во сопствена продукција, бидејќи Ејми е во состојба да ја намести видео опремата без ничија помош.
„Не знам дали би се нарекла фотографка, но сакам да фотографирам, за се ги користам устата, брадата и рамената“ - објасува таа.
„Се концетрирам само на оние позитивни, бидејќи давањето внимание на негативното носи само повеќе негативност, а тоа е губење на здивот и времето, да бидам искрена“ - вели таа.
Откако во 2014 го напишала првиот дел од својата автобиографија, Ејми станала мотивационен говорник.
„Сакам што можам својата приказна да ја споделам со други, не затоа што чувствувам дека правам нешто големо, туку затоа што верувам дека мојата порака е важна за другите луѓе, дека сме овде со некоја причина и дека секој од нас има цел“ - истакнува Ејми.
Најголемото досегашно постигнување на Ејми е шиењето. Мислела дека тоа нема да може да го прави, за неа тоа предизвик за човек со екстремитети, но таа го сака тоа. Ужива во шиењето чанти кои ги продава на Фејсбук.
Нејзините родители секогаш ја охрабруваат да биде самостојна, но никогаш не мислеле дека ќе стигне толку далеку.
„Не сакав за да го помине животот на перница, но никогаш не ни сонував дека ќе биде волку независна и дека ќе може да ги прави сите овие работи“ - истакна нејзината мајка Џенет, пренесува DailyMail.