Роденденската честитка од сопругот ја разнежни: Каролина Гочева влезе во петтата деценија

Роденденската честитка од сопругот ја разнежни: Каролина Гочева влезе во петтата деценија

Објавена во: Живот // Живот

Македонското девојче, Каролина Гочева вчера го прослави роденденот.

Нашата пејачка наполни 41 година и влезе во петтата деценија од животот. Роденденски честитки пристигнуваа од сите страни, многу познати личности ѝ посакаа најубави желби за роденденот, а помеѓу нив, една се издвои.

Особено ја разнежни објавата на нејзината љубов, сопругот Михаил Корубин.
Тој сподели нивна заедничка фотографија, а покрај истата напиша: „Среќен роденден, душо моја.“ 

Каролина сѐ  уште не сподели како го прославила денешниот ден, но сподели низа честитки од нејзините најблиски пријатели и соработници.

Кога се честитките во прашање, интересна беше објавата од нејзината колешка и другарка Елена Ристеска која покрај убавите желби сподели и фотографија од нивната приватна архива. На ова Каролина изреагира Фала Лено, ама не се договоривме вака“.

Меѓу останатите кои се сетија и ѝ го честитаа роденденот на Каролина се и нејзините соработници и пријатели, композиторот Николче Мицевски, стилиската Цаци Паковска и актерката Весна Петрушевска Бејби.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: