Роденденската комбинација на Атина Тошиќ ќе ве воодушеви: Како ќерките на Јелена и Душко го прославија роденденот?
Ќерките на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ на 7 септември ги прославија родендените. За гордите родители тоа е најважниот ден во годината, бидејќи тогаш се родени нивните најголеми љубови - 13-годишната Атина и 12-годишната Ника.
Минатите години по повод родендените на Атина и Ника се одржуваа спектакуларни забави, подеднакво посебна се очекуваше и овој пат. Особено, откако Атина Тошиќ на својот Инстаграм профил ја покажа својата роденденска комбинација со која ги освои сите.
Повторно во водечкиот тренд на сезоната, Атина уште еднаш ја оправда титулата модна икона на младата генерација, а нејзината комбинацика сепак најави дека роденденската забава оваа година ќе биде малку поинаква.
Бидејќи татко им беше отсутен поради подготовките за почетокот на фудбалската сезона, мама Јелена одлучи овој пат да им подари нешто незаборавно и посебно - патување во Париз, од каде што постојано споделуваа дел од заедничките авантури.