Роденденско изненадување за ќерката: Супер татко во тајност ја направил улицата од Хари Потер

Роденденско изненадување за ќерката: Супер татко во тајност ја направил улицата од Хари Потер

Објавена во: Совети // Семејство

Репликата од Дијагонската алеја настанала по двомесечната секојдневна работа...

Многумина од нас ова тешко време го поминуваат дома не правејќи ништо посебно, иако е полесно да се помине со нешто што ќе го одвлече нашето внимание. Ова со време го сфатил еден одличен татко од Лондон, па тој ја искористи сегашната ситуација правејќи копија од „Diagon Alley“ во вистинска големина за неговата ќерка Ела.

Алејата Дијагон е тајна улица во Лондон, во која можат да влезат само волшебниците. Таму има многу магични продавници. За да влезете во неа, потребно е три пати да удрите со волшебно стапче во одредена тула во еден ѕид.

Дилан, кој на социјалните мрежи е потпишан под името „Ella's Dad“, помисли да ја изненади својата ќерка со одличен подарок за роденденот. И се сетил! Гардеробата ќе ја претвори во мини-улица, бидејќи викторијанската куќа со тераса во која живеат тоа го дозволува. Како голем обожавател на Хари Потер, тој помислил да направи реплика на Алејата од Дијагон во гардеробата на Ела.

Главно користел дрво и влакна за изработка на продавниците. За излозите на продавниците користел стари рамки за фотографии што му ги дале соседите и лим за подовите, со цел да се добие изглед на вистинска улица.

На Дилан му биле потребни два месеци да ја заврши копијата на Алејата од Дијагон во плакарот. И сето тоа го правел во тајност. На роденденот на Ели, тој и предложил да играат криенка, знаејќи дека Ела ќе се скрие во нејзината гардероба, а потоа ќе го открие големото изненадување.

А дали изненадувањето успеа? Само една реченица била доволна.

„Тато, дали можеме ова да го задржиме тука засекогаш?“


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: