Родителите ја продале малолетната Нада како овца: Нејзината приказна одекна во светот, а еве како успеала да го избегне бракот

Родителите ја продале малолетната Нада како овца: Нејзината приказна одекна во светот, а еве како успеала да го избегне бракот

Објавена во: Живот // Живот

Нада ал-Ахдал како 10-годишно девојче се спасила од бракот кој ѝ го договориле нејзините родители...

Тогаш си ветила на себе дека ќе ги заштити другите девојчиња, од како што вели, „продажбата како овци“. Долги години таа се бори и им помага на послабите. За своите активности и „градењето на општествената свест“, е наградена со наградата Арапска жена на годината.

Доаѓајќи од Јемен, Нада ал-Ахдал ја раскажа својата потресна приказна за време на еден од нејзините говори.

„Моите родители решија да ме омажат кога имав 10 години. Бев дете, сакав да учам, сакав да си играм. Сакав да бидат стоматолог или педијатар, но еден ден соништата ми се срушија, моите родители ме известија дека ќе се мажам и дека свадбата ќе се одржи. Знаев што ќе значи тоа за мене. Избегав. Се обидов да побарам помош од вујко ми, кој сигурно ќе застанеше на моја страна, но тој беше надвор од земјата во тоа време. Затоа го замолив мојот приајтел да ги сними настаните кои следуваат. Тие ги надминаа моите најлуди очекувања и не мислев дека тоа ќе ме спаси“.

Кога Нада пред 20 години дознала дека ќе ја дели судбината на својата тетка, одлучила да се бори. Нејзината братучетка, која била принудена да се омажи без нејзина согласност, не можејќи да го трпи насилството на нејзиниот сопруг, извршила самоубиство.

Видеото во кое Нада зборува за својата ситуација беше многу популарно на Јујтуб. Благодарение на англискиот превод, приказната за младата девојка од Јемен доби меѓународен публицитет.

Нада ја започнала борбата за живот и слобода. По неколку рочишта, судот му го доделил старателството на девојчето на братот на нејзиниот татко, кој живеел во главниот град. Нада на овој начин добила шанса за подобро образование, особено за работа со компјутер и англиски јазик. Вакви лекции не постојат во провинцијата во која Нада живеела.

Јеменските власти не биле среќни што Нада успеала да ја сподели својата приказна. По враќањето од Либан, каде дала интервју, ѝ бил одземен пасошот и била принудена да потпише соодветни документи во кои се обврзува дека ќе молчи. 

По напуштањето на Јемен, Нада живеела во Саудиска Арабија, Јордан и Египет. Бидејќи немала дозвола за престој или студирање, не можела да престојува во ниту една земја повеќе од една година. Потоа добила покажа да замине во Велика Британија со награда од организацијата „Со и за девојки“.

Денес, 20-годишната Нада ал-Ахдал уште се бори. Студира во Велика Британија, каде живее со својот братучед.

Активистката ја напиша книгата „Единаесетгодишната жена“ и основа фондација. Таа рбаоти за други девојки кои се изложени на ризик од ран брак.

„Не секоја девојка во неволја ќе најде роднини кои се подготвени да ја одбранат. Затоа не можам да молчам, сакам светот да знае што се случува - не само во Јемен, туку во другите земји“ - вели таа.

„Девојчиња, а не невести“  е слоганот на кампањата, која се фокусира на едукација за правата на децата, начините за промена на старите навики и други начини за излез од сиромаштијата. Во програмата се вклучени девојки на возраст до 13 до 18 години кои биле принудени да го напуштат местото на живеење поради семејно насилство, принуден брак или други прекршоци. Како дел од помошта, младите жени учат англиски јазик и имаат полесен пристап до учење на далечина на меѓународните универзитети.

„Тие ќе станат идни миротворци: новинари, активисти, политичари, хуманитарни работници, тие ќе го обноват Јемен по војната“ - тврди Нада, која доби награда за Арапска жена на годината за нејзините активности за девојките и жените.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: