Родителите крвнички го злоупотребувале како бебе по што останал без двете нозе: Тогаш, таа го посвои како деветто дете, а наскоро ќе му се исполни најголемиот сон

Родителите крвнички го злоупотребувале како бебе по што останал без двете нозе: Тогаш, таа го посвои како деветто дете, а наскоро ќе му се исполни најголемиот сон

Објавена во: Совети // Семејство


Како бебе бил брутално малтретиран од родителите. Поради ова, денес на само девет години тој веќе е инвалид. За да го спасат, лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе од коленото надолу. По овој немил настан тој беше посвоен. И се чини дека животот конечно почна да му се оддолжува за сите маки што ги претрпел од раѓање, а наскоро ова храбро момче ќе оствари еден од своите соништа.

Тони Хаџел беше инспирација за Британците, но и за остатокот од светот, кога беше откриена неговата приказна. Поради тешката судбина и ампутацијата на нозете, сите плачеа, а кога одеше – солзи течеа од радост. Како благодарност до лекарите, кои му го спасија животот во детската болница Евелина, Хаџел тргна на 10-километарска прошетка на неговите протетички нозе, со цел да собере 500.000 фунти за добротворни цели, но тој собра четири пати повеќе! Сега тој е поканет на забавата на кралот во градината во Бакингемската палата.

Тони е пресреќн и возбуден што ќе биде поканет од кралот на забава во Кралските градини во Бакингемската палата оваа среда. Заедно со трогателните зборови, приложена е и фотографија од малиот и весел Тони, кој гордо ја држи поканата за забавата.

Тони, всушност, ги загуби двете нозе откако претрпе ужасно малтретирање како бебе. Доби компликации, а лекарите едвај му го спасија животот.

Неговите биолошки родители, тогаш 46-годишниот Ентони Смит и Џоди Симпсон, која имала 24 години, толку многу го малтретирале што добил повеќе скршеници на екстремитетите.

И тогаш не бил пренесен во итната медицинска помош, но кутрото момче чекало 10 дена на нивната реакција, а за тоа време доживеало повеќекратно откажување на органите и септикемија, опасна инфекција на крвотокот.

Вработените во лондонската детска болница Евелин му го спасиле животот, но морале да му ги ампутираат двете нозе под коленото кога имал само четири години.

На почетокот на оваа година тој имаше сложена операција, која му помогна да користи протетика без патерици.

Протетски екстремитети и инвалидски колички

Пола и сопругот Марк, кои имаат уште осум деца, ќе мора да патуваат 400 километри секоја недела од нивниот дом во Кингс Хил, Кент, до болницата за да можат хирурзите да се грижат за адаптацијата на момчето на новите екстремитети.

Деветгодишното учениче ќе има рамка, наречена кафез за фиксирање, закачена на неговиот екстремитет до една година, што значи дека ќе му треба инвалидска количка.

Процедурата вклучува и прерамнување на неговата бутна коска секоја недела, што ќе предизвика постојана болка.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: