Родителите не знаат што со себе, а времето лета: Како да им овозможат алатки за следење на настава на своите деца?
На само еден ден пред стартот на учебната година, многу родители во Македонија воопшто не знаат како нивните деца ќе учат онлајн, бидејќи или немаат компјутер, или пак воопшто немаат ниту интернет конекција во домот.
Времето ги гази, а овие луѓе не се во можност да набават уреди со помош на кои децата би следеле настава електронски. Проблем најчесто се финансиите.
„Јас сум родител на дете од 7 одделение. Син ми денес ќе проба со мобилен телефон, да види дали може да се вклучи. Не знам како ќе се одвива наставата. Селото е во „дупка“ и нема добра конекција. Исто е и со другите деца во селото, и тие немаат стабилен интернет“, вели Драги Насевски од селото Зркле во Општина Македонски Брод.
Целиот текст може да го прочитате на Фактор.Може да ве интересира:
Родителите лути, децата збунети: Од каде пари за да се купи потребниот уред за следење на наставата од далечина?