Сакал да ја запроси девојката, а потоа следувал шок: „Мајка ми ми кажа дека знае што е најдобро за мене“

Сакал да ја запроси девојката, а потоа следувал шок: „Мајка ми ми кажа дека знае што е најдобро за мене“

Објавена во: Живот // Живот

Сигурно ви се познати приказните дека одредени идни свекрви се мешаат кога е изборот на снаа во прашање, бидејќи „ниту една девојка не е доволно добра за нивниот син“. Но, веруваме дека досега не сте слушнале, ниту виделе дека мајката ја прекинала верудбата кога синот се подготвувал да ја запроси девојката.

Случаен минувач успеал да го забележи моментот кога момчето по име Ден со девојката заминал надвор од градот, чувајќи во џебот од панталоните кутија со прстен. Ден планирал да ја запроси девојката во која е заљубен, но неговата мајка го расипала најромантичниот чин. Се огласила од позадина и почнала да вика „Не, не, не!“.

Иако сите би очекувале дека ќе продолжи запросувањето, момчето се свртело и заминало кај мајка му, а потоа следувала и изјавата која ги шокирала сите.

„Мајка ми ми кажа дека знае што е најдобро за мене“ - заклучило ова момче, кое добил низа лоши коментари поради она што го направил.

„Жал ми е за оваа девојка, никој не го заслужува ова“ - напишала една жена, додека друга додала дека се надева на тоа дека девојката го оставила.

@catdaddan

My dad didn’t know what to do, so he just kept recording #illneverforgetyou #goodmemories #makemomepic #fy #proposal

Never Forget You - Noisettes

Меѓутоа, приказната сепак има среќен крај. Ден и неговата девојка сепак се вериле и наскоро ќе застанат на „лудиот камен“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: