Сакала куче, но мајка и била против: Напишала CV зошто е совршен кандидат за оваа позиција
Не сакала да се откаже, а доколку и тебе мајка ти не ти дозволува да имаш куче, можеш да се обидеш на овој начин.
Откако и соопштила на мајка и дека сака куче повеќе од било што друго на светот, а мајка и не се согласила да и ја исполни оваа желба, одлучила да се обиде на овој креативен начин. Напишала кратка биографија, како да се пријавува за вистинска работа.
Тинејџерката Kayla многу сакала куче за Божиќ што не се откажала од оваа идеја и покрај неприфаќањето на мајка и. Така оваа млада девојка смислила начин за да ја освои мајка си и да и го промени мислење. Одлучна да и се исполни оваа божиќна желба, Kayla на мајка и и напишала кратка биографија и мотивационо писмо за да и даде до знаење дека е класифицирана за да има и да се грижи за кучето.
Иако дома веќе имале две кучиња, Kayla сакала едно кое ќе биде само нејзино. Па така на мајка и во кратката биографија и напишала дека со него „искажува интерес да има сопствено куче“, а ги напишала и причините зошто е совршен кандидат за оваа позиција:
# знае добро да го распредели времето - што смета дека ќе има време за тренирање на кучето;
# има доволно пари да ги покрие трошоците;
# знае дека и е најдрага ќерка;
# се колне во „чизкејк“ и сите останати свети работи дека добро размислила за се;
# и дека нејзиниот најдобар квалитет е тоа што е полна со љубов и добрина.
Покрај сето ова напишала и есеј од 800 зборови во кој ги објаснила позитивните работи кои во нејзиниот живот ќе ги донесе ова куче - од тоа дека позитивно ќе влијае на нејзиниото ментално здравје до тоа дека ќе ја научи да презема одговорност до планирањето на буџетот. И што да каже на сево ова? Мајката не можела да оддолее и морала да попушти. Kayla сега е горд сопственик на мало преслатко кученце, кое го нарекла Bandit.