Се двоумеле помеѓу Сара или Теа, но таа сакала да биде нешто посебно: Еве како Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша го избрале името за првата ќерката
Како опција имале разни имиња, но тие се одлучиле за едно од најубавите...
Пејачката Јелена Карлеуша пре нешто повеќе од 13 години за првпат се оствари како мајка и тогаш таа и нејзиниот сопруг станале родители на ќерката Атина, а една година подоцна свет пристигнала и помладата ќерка, Ника.
Пејачката важи за личност која е многу одговорна и посветена на својата работа, така што своето прво телевизиско појавување го имаше 37 дена по породувањето, кога првпат гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, каде што призна:
„Да се биде мајка е преркасно чувство, иако морам да признаат, немам спиено 37 дена. Кога некој толку сака и кога нешто толку посакува, човек може да издржи сѐ. Сѐ е прекрасно, сѐ е ново. Вистина уживам“ - зборуваше Јелена во октомври 2008 година.
Тогаш таа ја искористи и можноста да зборува за тоа како таа и Душко го избрале името за нивната прва ќерка. Како опции биле имињата Теа и Сара, но таа имала желба да избере некое ретко име.
„Имав идеја дури нашата ќерка да се вика Дивна, по мојата мајка. И тоа е преубаво име, а не е често. Меѓутоа, слушнав дека тоа не е добро“ - раскажа Јелена, а потоа додаде:
„Во весниците прочитам дека на ќерката ми сме ѝ го дале името Атина затоа што сме ја „направиле“ во тој град. Тоа не е точно. Атина е божица на мудроста и најомилената ќерка на Зевс. Бидејќи јас ја сакам грчката митологија и сакам детето да ми биде мал мудрец, го доби името Атина“.
Таа тогаш ѝ посака на Атина да тргне по нејзиниот пат и ако можеме да судиме според сегашната ситуација, таа е на добар пат да стане медиумска ѕвезда.
фото: Принтскрин / Инстаграм