Сакаш да бидеш инфлуенсер? Во Хрватска се отвара можност за школување во областа на оваа професија

Сакаш да бидеш инфлуенсер? Во Хрватска се отвара можност за школување во областа на оваа професија

Објавена во: Мода // Moj стил

Не може да има полудо од ова!

Замисли баба ти или некоја друга роднина да те праша: „што студираш?“, сигурно нема да знаеш како да објасниш што е ова, но сигурно не би изгледало импресивно. Сепак, на некои луѓе им е сон да станат инфлуенсери, а на овој начин тоа полесно се остварува.

И додека некои студираат економија, други право, трети сега ќе може да студираат инфлуенсерство. Звучи малку глупаво, но има смисла. Оваа во последно време стана вистинска професија. И додека некои сметаат дека инфлуенсерите треба само да се фотографираат и фотктие да ги споделуваат на социјалните мрежи, секој кој се занимава со ова, знае дека тука има многу повеќе од тоа. Доколку е лесно да се успее во овој свет, сите би биле инфлуенсери, но не е толку  лесно како што изгледа. Дали би сакале вие да станете инфлуенсери?

Еден факултет виде можност овде и сега отвара програма во која ќе се учи за инфлуенсерството. И тоа од тамошните инфлуенсери.

Edward Bernays University College е приватен факултет во Хрватска, кој ќе ја започне оваа академија, пишува „Јутарњи лист“. Таа ќе трае три месеци, а гости предавачи ќе бидат 20 успешни инфлуенсери. Ќе се учи од Ела Дворник, Паула Сик, Дорис Пинчиќ, Кристијан Иличиќ, Маријана Батиниќ, Андреа Трговчиќ и многу други.

За „Јутарњи“ кажаа дека е време нивната работа да престане да се потценува, како и дека треба да се научи дека терминот „инфлуенсер“ треба да се замени со „content creator“ (креатор на содржини). Сметаат дека треба многу работи да се научат за инфлуенсерството пред да се впуштиш во оваа професија, бидејќи во време кога сите сакаат да бидат инфлуенсери, треба да се знае како да се привлечат следбеници.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: