Сакате да соберете многу лајкови на социјалните мрежи? Адреналискиот парк во Крушево сигурно ќе ве инспирира

Сакате да соберете многу лајкови на социјалните мрежи? Адреналискиот парк во Крушево сигурно ќе ве инспирира

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Доколку сте вљубеник на адреналинот, снимањето видеа за ТикТок или пак споделувањето на „кул“ фотки на Инстаграм, оваа е идеалното место за вас! Прекрасен поглед, луда авантура, превкусна храна - подгответе се за голем број лајкови!

Љубители на брзината, овој викенд ве каниме да го посетите адреналинскиот парк на Panorama All Seasons Adventure во Крушево и да се впуштите во офф-роуд авантура со АТВ квадови.

Возниот парк на Панорама располага со најнови АТВ мотори од 700 до 1000 кубици.

Истражувајте ги возбудливите пејсажи во сопствена режија или пак во перонализирани тури со водич низ убавите предели во околината на  Крушево.

Покрај АТВ моторите за освојување на височините на располагање ви е и амфибија која ве води до врвот на планината Мусица за најневеројатната глетка на Пелагонија, Солунска глава, Пелистер и Кораб.

Во рамки на паркот достапни се уште многу други возбудливи содржини во кои може да се ужива во друштво или со семејството, како роуп лајн и зип лајн, вештачка карпа, велосипедски патеки, триколки за спуштање по скијачката патека...

Во непосредна близина е и Алто Лоунџ барот кој ви нуди храна и пијалоци во преубава природа и чист воздух.

По возбудливиот ден, во Панорама Хотел и Спа ве очекува врвна релаксација со прекрасен поглед на Крушево.

Време е за авантура!

* ПР - објава

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: