„Сам дома“ во реалниот свет: Дали замките на Кевин би функционирале и во вистинскиот живот?

„Сам дома“ во реалниот свет: Дали замките на Кевин би функционирале и во вистинскиот живот?

Објавена во: Stars // Филм

Дојде периодот од годината во кој го гледаме филмскиот класик „Сам дома“. Еден од најзабавните делови на филмот, меѓу другото, се стапиците кои Кевин им ги поставува на крадците. Дали овие стапици би функционирале и во реалниот живот? Сега одговорот е познат.

Веќе знаеме дека филмовите не се реални и дека сè во нив е малку „додадено“ за поголем ефект и за да биде позабавно за гледање. „Сам дома“ не е исклучок. Без разлика дали веќе сте го погледнале во текот на годината или го чувате за Нова година, Бадник или Божиќ, сигурно ги знаете стапиците што Кевин ги поставува за крадците. Тој состави неверојатно паметни и забавни стапици, кои се покажуваа успешни. Но, тоа е филм, па секако дека ќе биде така. Како би функционирале истите овие стапици ако ги направиме дома? Дали тие би биле помогнале за да се фатат крадците или би биле тотален неуспех? Пред неколку години на еден Јутјуб канал се направија експерименти со неколку стапици на Кевин со цел да се провери дали навистина би функционирале.

Тие испробаа неколку стапици на Кевин. Една од нив е врелата квака, која на почетокот веднаш им зададе проблеми бидејќи не успеаја ниту да ја загреат колку што е потребно, но наместо да ја загреат рачката, тие случајно ја запалија целата врата. Исто така, еден лекар откри дека ако некој фати толку жешка рачка, тој ќе добие трајно оштетување на раката, што секако не го добија крадците во филмот. Тие исто така ја проучуваат сцената во која Кевин фрла кофи со боја кон главата на провалниците. Во реалниот свет, ова би им нанело такви повреди што би умреле на самото место.


Главниот заклучок е дека доколку ова се случуваше во реален живот, Кевин сигурно ќе ги убиеше провалниците. Во филмот, тие за чудо се опоравуваат секој пат, но во реалноста не, па затоа не го пробувајте ова дома.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: