Сама се шминкав, сама си го одбрав фустанот: Наташа Беквалац покажа како изгледала на 17 години
Пејачката Наташа Беквалац веќе над 20 години важи за една од најпопуларните пејачки на овие простори, а на својот Инстаграм редовно споделува актуелности од животот.
Овој пат, Наташа се присети на своите почетоци и објави фотографија од фестивалот „Београдско пролече“, за кој самата се шминкала и облекла
Ја искори оваа прилика за јавноста да ѝ се обрати на сестра ѝ Кристина Беквалац, прашувајќи ја мислење.
„Јас... 17 години... Фестивал „Београдско пролече“. Сама се шминкав, сама го одбирав фустанот, па така ги искомбинирав бојата на карминот и фустанот. Што велиш Кристина, м?“ - напиша Наташа Беквалац на својот Инстаграм.
Иако Наташа е самокритична и сака да се шегува на своја сметка, судејќи по коментарите на обожавателите, била подеднакво убава и без професионален тим, кој би ја средувал за настапите.