Само чудно хрчеше: Како тинејџерка ја спасила мајка ѝ од сигурна срмт, многумина не би ја забележиле опасноста
Мелисон Дол, која тогаш имала 14 години, сфатила дека со нејзината мајка нешто не е во ред, откако слушнала дека чудно хрчи...
Тинејџерката заспала во креветот на мајка ѝ, но чудниот звук ја разбудил. Клер за време на спиењето, почнала да испушта звук кој можел да се протолкува како хрчење, но нејзината 14-годишна ќерката сфатила дека нејзината мајка има некој проблем и го применила знаењето кое го имала од прва помош, кое го добила на училиште.
„Правев бучава како хрчење, а тоа ја разбуди Мелиса, иако на тоа не се сеќавам. Ме погледнала и сфатила дека не изгледам добро, бидејќи не сум реагирала. Повикала 999, а тие ѝ посочиле што треба да прави, бидејќи првата кола од Брза помош можела да дојде дури по 40 минути. Состојбата нагло ми се влошила, а поради сплет на околности Мелиса на училиште имала предавања по прва помош, па знаењето го применила додека била на линија со докторите“ - кажа Клер и додаде дека е среќна што Мелиса била со неа во креветот таа вечер:
„Доколку Мелиса не знаеше што да направи тоа утро кога доживеав кога имав срцев удар, ќе умрев. Тоа беше таков случај, но крајот ми го спаси животот, зошто да не забележеше што се случува, сега немаше да бидам тука“.
Клер била итно пренесена во болница на одделението за интензивна нега, а потоа следувал шок, бидејќи била во кома три дена. Докторите не ѝ давале големи шанси, но таа по лошите вести се разбудила.
„Се разбудив и се чувствував како да сум спиела цел викенд. Немам поима шот се случувало и како сум се нашла во болничкиот кревет. Првото нешто што го побарав кога се разбудив, беше торбицата со шминки, а загрижена бев и за своето куче“ - вели Клер, додека останатите ја гледале со неверување:
„Само што се подготвувавме за твојот погреб, а ти седиш и зборуваш дека ништо не се случило“ - ѝ кажале членовите на семејството.
Докторите не утврдиле поради што дошло до срцевиот удар, но Клер сега има вграден дефибилиратор во градите, кој ѝ го регулира срцевиот ритам.
фото: Принтскрин / Јутјуб