Само еден бит до дигитализација – нова иновативна Телеком продавница
Од денес, Македонски Телеком ќе им овозможи ново дигитално искуство на своите корисници–во новата продавница, во управната зграда на Телеком,на плоштадот, сите љубители на технологијата ќе можат да уживаат во иновативната продавница која го проширува хоризонтот на класично продажно место.
Посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат разликата што ја прават новите продажни пултови, наречени Co-working table, кои се интерактивни и преку нив се надминува бариерата помеѓу купувачот и продавачот, со што се создавапростор за заедничко составување на најдобрата понуда во меѓусебен разговор.
Дополнително, категоризирањето на салонот како Open storage значи дека секој производ што е изложен ќе им биде веднаш достапен на купувачите.
Целта на овој концепт не е само да ги покаже современите технологии,туку и да ги презентира најдобрите начини на кои дигитализацијата ќе им помогне на корисниците.
Во продавницата има простор за гејминг, каде што ексклузивно може да се игра трка со дронови, што е овозможено од напредната технологија и квалитетната мрежа, како иDigital playground – инструмент преку кој ќе бидат претставени предностите и можностите што ги нуди паметната технологија (паметна куќа, паметен превоз, паметно здравје итн.).
Истражувањата на трендовите кај корисниците покажуваат дека неопходно е технологијата да им е на дофат, па оттука и инспирацијата на Македонски Телеком да ја отвори најсовремената продавницаво нашата земја, па и во соседството.
Целиот фокус на новата продавница е ставен на врската на корисникот со технологијата, а тоа се забележува уште од првото влегувањево неа. Нејзината ексклузивност е во бројните паметни гаџети, интерaктивното корисничко искуство, кои во овој простор ќе бидат отворено достапни за корисниците.
На отворањето на продавницата, каде што присуствуваа музичари, гејм девелопери, филмски работници, инфлуенсери и релевантни медиуми,модераторот на настанот, Сашко Коцев,им се обрати на присутните на невообичаен начин, со помош на технологијата: беше домаќин од далечина и ги поздрави гостите преку видео повик. Исто така,уметниците кои присуствуваа, имаа можност со помош на технологијата креативно да ги прикажат придобивките од технологијата со помош на паметни уреди и гаџети.
Со новиот концепт на продавници, кој е трет во целата Дојче Телеком Групација (по Загреб и Виена),Македонски Телеком постави уште еден мост помеѓу технологијата и корисниците и ги отвори вратите на ново дигитално искуство во центарот на Скопје.