САМО ЕДЕН Е ЏОНИ ДЕП: Му ја исполни последната желба на тешко болно момче
На Кори, болно момче од Англија, му се исполни последната желба.
Тој сакаше да разговара со својот идол, капетанот на пиратите Џек Спароу, главниот лик на филмот Пиратите од Карибите.
Џони Деп, американската филмска ѕвезда која го игра капетанот Џек, реши повторно да облече пиратски костум и да одговори на желбата на 11-годишното момче.
Кори имал две трансплантации на срце, но тие биле неуспешни.
Решил дека не сака да помине низ друга.
Не се знае колку долго ќе живее.
Момчето неодамна отвори канал на YouTube, кој веќе го следат повеќе од 160.000 луѓе.
Меѓу нив е и Џони Деп.
Во својот познат пиратски костум, Деп снимил специјална порака за момчето.
"Ти посакувам се најдобро. Јас сум твојот обожавател број еден, капетан Кори. Мој пријател, ти испраќам љубов и почит“, се вели во неговата порака.
Актерот исто така рече дека ќе ги охрабри своите пријатели да го следат каналот на Кори.
Каналот на Кори го следи холивудската ѕвезда и борач Двејн Даглас Џонсон, попознат како Рок.
Пораката беше дел од хуманитарната организација Make-A-Wish и го развесели момчето во катастрофално време за целото семејство, рече мајката на Кори, Пикси.
Нејзиниот син е роден со хипопластичен синдром на лево срце.
Првата трансплантација на срце му била извршена во 2018 година, но истата завршила неуспешно.
Тој бил подложен на втора трансплантација во 2021 година, но по трауматичната и болна процедура, неговото тело повторно не го прифатило новото срце.
По разговорот со неговите родители и тимот на лекари кои ја следеле неговата состојба, момчето одлучило дека не сака да оди на трета.
„Кори секогаш велеше дека не сака да помине низ трансплантација, па јас го знаев исходот кога ни ја кажаа веста“.
„Во овој момент нема лек. Првата операција не беше лесна, но помина доста добро, втората беше многу трауматична и болна за него, бидејќи мораше повторно да научи да оди и да зборува“, вели неговата мајка.
Кори изјавил и дека повеќе би сакал да умре отколку повторно да помине низ такво нешто.
„Тоа не беше само негова одлука, се согласи и лекарскиот тим, не ни беше лесно, но неговиот удел во донесувањето на одлуката беше голем и тој е свесен за исходот“, вели неговата мајка.
Кори сега е на палијативна нега и неговото семејство не знае колку долго ќе живее.
Тие се подготвуваат за Божиќ, за кој стравуваат дека може да биде последен за момчето.
„За секој оброк што го правиме за него, мислиме дека може да му биде последен.
„Секогаш кога ќе го ставиме во кревет, мислиме дека тоа можеби е последен пат - тоа не убива.
Плачев, се молев, бев лута, прашувајќи се зошто Кори минува низ сето ова, дали ќе умре“.
„Тој е многу позитивен и се обидуваме да го искористиме најдоброто од времето што ни останува“, вели неговата мајка Пикси.