Само една држава во светот нема кучиња скитници: Како го реши проблемот?

Само една држава во светот нема кучиња скитници: Како го реши проблемот?

Објавена во: Совети // Другарство

Ширум светот постојат околу 200 милиони кучиња скитници, процени Светската здравствена организација. Меѓутоа, Холандија не допринесува во оваа статистика, бидејќи стана прва држава во светот без ниту едно куче скитник.

Холанѓаните ги сакаат своите домашни миленици. Кучињата се присутни во секојдневниот живот на луѓето, ги шетаат низ градот во корпите за велосипеди, голем број на кафулиња и ресторани се прилагодени на кучињата, малите домашни миленичиња може да се возат и во јавниот превоз по ниска цена, а има и такви кучиња кои уживаат во различните оброци и вкусови на истите скеоја вечер. Звучи неверојатно, но така е.

Кучињата некогаш биле статусен симбол во Холандија. Богатите луѓе ги чувале кучињата како домашни миленичиња или ги користеле во спортски потреби.

Со оглед на поврзаноста со социјалниот статус, во Холандија за време на 19 век, постоела масовна популација кучиња. Меѓутоа, епидемијата од беснило резултирала со страв, што довело до тоа што многу сопственици ги напуштиле своите домашни миленичиња. Ова направило чекор напред во поглед на односот помеѓу човекот и кучето, каде здравјето на кучето се сметало како одраз на одговрноста на сопственикот.

Со текот на времето, холандската влада исто така вовела данок на кучињата во обид да се регулира бројот на кучиња скитници во Холандија, но тоа е малку спротивен ефект: произвело повеќе кучиња скитници, бидејќи многу луѓе не можеле да си дозволат (или не сакале) да ги чуваат своите миленици.

Во 1864 година е основата првата агенција за заштита на животните во Хаг. Малку подоцна, на сила стапил Законот за заштита на животните. Сега е забрането сопственикот да го злоупотребува и вознемирува било кое животно. Во спротивно казната затвор е до три години, како и парична казна во износ од 16.750 евра.

# Кучињата кои имаат сопственик, но сопственикот дозволува делумно кучето да може слободно да се движи во текот на денот.

# Кучиња без сопственик: Кучиња кои се напуштени од сопствениците.

# Кучиња од заедница: немаат еден сопственик, но за нив се грижи заедницата.

# Диви кучиња: Куче кои никој не го следи и не преживува сам.

Во Холандија скоро па и нема кучиња скитници, а Холанѓаните овој проблем го решија со CNVR програмата за стерилизација која ја финансира државата. Светската агенција за заштита на животните верува дека ова е најефикасниот начин за борба против популацијата кучиња скитници.

Многу општини ги зголемија даноците за купените кучиња кои ги поттикнаа луѓето да посвојуваат кучиња бездомници од прифатилиштата.

Формирале и животинска полициска сила која би ги надгледувала злосторствата над животните и ќе ги спасуваат животните во неволја.

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: