Само јас можев да ја разбудам од кома: Северина објави емотивна фотографија со мајка ѝ и ја разнежни публиката (ФОТО)
Пејачката секогаш истакнува дека нејзината мајка ѝ е најголема поддршка во сѐ...
Пејачката Северина Вучковиќ има совршен однос преполн со љубов и поддршка со својата мајка Ана. Често истакнува колку ѝ значи, како и што сѐ преживеала кога ја родила.
Северина сега објави нова фотографија со мајка ѝ, па многумина искоментираа дека за изгледот на пејачката е заслужна генетиката, со оглед на тоа што нејзината мајка Ана изгледа фантастично за нејзини години.
„Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми всадија топлина и нежност, нејзиното срце храброст, нејзината поддршка сигурност, нејзиниот став и достоинство. Мама е моето најсигурно засолниште“ - кажа таа во една прилика.
Инаку, Северина во една прилика откри и дека нејзината мајка едвај преживеала на породувањето.
„Ме родила со царски рез и не можела да ме земе в раце бидејќи пет месеци била во кома. Јас ѝ бев трет царски рез и во таа 1972 година не се разбудила. Ме родила во осмиот месец од бременоста, сум имала само 2 килограми. Докторот бил прекрасен и ме оставил да бидам цело време со неа во собата, не давал да ме разделат од неа. Кажал дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден бабицата ме оставала кај неа, додека таа спиела“ - раскажа Северина за хрватските медиуми.
фото: Принтскрин / Инстаграм