Само најголемите помагаат и молчат: Леонардо Дикаприо сакаше да сокрие дека донирал за Украина

Само најголемите помагаат и молчат: Леонардо Дикаприо сакаше да сокрие дека донирал за Украина

Објавена во: Живот // Живот

Познатиот актер донираше 10 милиони долари за Украина и не сакаше таа вест да се обелодени...

Леонардо Дикаприо донираше 10 милиони долари за поддршка на Украина. Ова досега е една од најголемите, ако не и најголема поединечна домација за земјата погодена од руската агресија.

Бидејќи може да се молчи, легендарниот актер не сакаше да се обелодени овој негов голем и хуман гест, но веста некако се прочи во јавноста. Сепак, јасно е дека само најголемите помагаат и молчат.

Актерот е длабоко поврзан за Украина, бидејќи неговата баба по мајка Хелене Инденбиркен е родена во Одеса како Јелена Степановна Смирнова. Од таму во 1917 година емигрирала во Германија, каде е родена мајката на Дикаприо.

Дикаприо е роден на 11 ноември во Лос Анџелес. Шест пати беше номиниран за Оскар, а на крајот го доби за улогата во филмот „Revenant“.

Освен холивудската кариера, тој е многу општествено ангажиран и еколошки свесен. Помошта за Украина не е неговиот прв хуман потег. Дикаприо учествуваше во иницијативите за борба против климатските промени.

фото: Принтскрин

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: