Само што се раздели од момчето, Ријана видена со познатиот рапер

Само што се раздели од момчето, Ријана видена со познатиот рапер

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката од Барбадос три години беше во врска со саудискиот милијардер Хасан Џамил, а сега откако ја прекина таа врска, видена е со познатиот рапер, па гласините дека има нешто помеѓу нив двајца веднаш започнаа...

По прекинувањето на врска, Ријана во петокот е видено во друштво на раперот A$AP Rocky на концертот во Бруклин, Њујорк, јавува Cosmopolitan.

Ова не е првпат да ги спојуваат. Истото се зборуваше и во 2013 година, но тогаш Rocky изјави дека „Ријана воопшто не го гледа на таков начин“.

Да, сепак постојат искри, тврдат некои, а тоа може да се заклучи од снимките кои се појавија на Инстаграм. На нив Ријана и Rocky позираат заедно смеејќи се.


Но, за сите оние кои се израдуваа, изгледа дека за новата романса ќе мора да се почека уште малку, бидејќи и двајцата тврдат дека и понатаму се „само пријатели“.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: