Само што стана најбогат на светот, Илон Маск веќе размислува на кој ќе му ги подари парите
Илон Маск не е само најбогатата личност на планетата во моментот, туку и некој што неодамна забележа највисоко ниво на нето вредност досега - 209,3 милијарди долари.
Сепак, за разлика од другите богати луѓе, неговите обожаватели веруваат дека тој е „скромен милијардер“, кој пред се размислува за придобивките за човештвото, за правење и создавање на нешто значајно, пред да заработи огромни пари.
Во согласност со тоа е и неговиот твит од пред некој ден, во кој Маск пишува вака:
„Критиката секогаш е високо ценета, како повратна информација, исто како и начините за донирање пари, но оние начини што прават разлика“.
Основачот на две успешни компании - „Тесла“ и „Спејс Икс“, на јавноста и е познат по тоа што е активен на Твитер, каде честопати остава интригантни коментари, а интересна е и неговата прва реакција на богатството што го поседува.
Btw, critical feedback is always super appreciated, as well as ways to donate money that really make a difference (way harder than it seems)
— Elon Musk (@elonmusk) January 8, 2021
Имено, Маск дури и не успеа да се пофали со успехот забележан првенствено во 2020 година, но затоа веднаш со своите следбеници ги сподели своите ставови за тоа каде може да ги донира тие „големи“ пари, односно барем дел од нив.
Маск не е единствениот милијардер кој донира пари, но се чини дека им е најсимпатичен на луѓето.
Бил Гејтс и неговиот пријател Ворен Бафет се соосновачи на иницијативата „Giving Pledge“, која ги охрабрува ултрабогатите да донираат барем половина од своето богатство, а тие самите дадоа по десетици милијарди во готово и акции.
Дури и Џеф Безос, кој до неодамна беше најбогатиот човек на планетата и сопственик на Амазон, кој беше критикуван дека навистина не се истакнува како филантроп, го засили својот ангажман на тоа поле.
Извор: biznis.telegraf.rs
Фото: Tanjug/AP