Само вакцинирани, 100 одбрани гости: Сите детали за гала забавата на Анастасија Ражнатовиќ
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, денес полни 23 години, а за блиските пријатели организараше забава на која сè е направено по нејзина желба.
Имено, откако минатата година поради пандемијата на коронавирус немаше прослава и роденденот го прослави во семејниот дом, вечерва се подготвува вистинска забава.
Младата музичка ѕвезда со денови наназад се подготвува за гала забава која ќе се одржи вечерва во еден ресторан. На прославата ќе присуствуваат членовите на семејството на славеничката, но и пријателите и соработниците. Но, тука не е крајот, по една година пауза одлучи публиката да ја израдува со две нови песни, за кои сними високобуџетни и мордерни спотови.
„Последниот месец Анастасија вредно работеше на бројни проекти кои се однесуваат на нејзината кариера. Одлучи да издаде две песни кои ќе го носат називот „Извини“ и „Готово“, за кои во изминатиот период сними спотови кои се во рангот на светските трендови“ - откри извор близок на пејачката.
„Освен што деловно беше вредна, таа реши и да организира приватна роденденска забава на која ќе собере бројни пријатели. Затоа со својот тим со недели наназад водеше сметка околу организацијата на прославата која ќе се одржи вечерва. Таа долго се двоумеше и чекаше да види како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот, а со оглед на тоа дека бројките паѓаат, повеќе немаше дилеми дали е вистински момент за да се организира прослава за сите заедно да се веселат по долгата изолација. Сите гости се вакцинирани, што на Анастасија ѝ беше важно, за здравјето на ниту еден од нив да не биде загрозено“ - објаснува изворот близок до музичката ѕвезда и додаде:
„Ресторанот ќе биде декориран во нежни бои, онака како што сакаше Ражнатовиќ. Еден познат креатор од Белград ѝ го прави фустанот кој ќе го носи вечерва. Иако многу луѓе работеа на организацијата на прославата, Анастасија се грижеше за секој детаљ. Особено е возбудена што по толку време ќе ги види сите драги луѓе на едно место, но и поради објавувањето на двете песни. Веќе подолго време од публиката добива пораки со прашања кога ќе ги почести со некоја нова песна и сега веќе има позитивна треба како ќе реагира публиката.“
„Сите присутни гости ќе ги забавува пејачката Александра Бурсаќ, а покрај тоа и ќе има и гостин како изненадување, една пејачка која Анастасија приватно сака да ја слуша. Пријателите ќе ја изненадат со тоа, бидејќи токму таа пејачка ќе биде гостинка во моментот кога пејачката ќе ги дува роденденските свеќички. Инаку, тортата која славеничката ја нарача е правена по нејзина желба и замисла, како и во бои ќе бидат во согласност со декорацијата на просторот“ - откри изворот за „Блиц“.