Само за да го погалат случајните минувачи: Куче се преправа дека е изгубено за да привлече внимание

Само за да го погалат случајните минувачи: Куче се преправа дека е изгубено за да привлече внимание

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Знаеме дека кучињата се неодоливи и паметни, но ова ги надмина сите од својот вид...

Алисон Агеребер била на трчање на Лонг Бич во Калифорнија, кога го видела малото бело куче пред себе на тротоарот. Тогаш забележала дека кучето не е на подводник и почнала да се грижи.

„Изгледаше изгубено“ - откри Алисон за „The Dodo“, а потоа додаде: „Гледаше во мене додека му се приближував, а кога стигнав до него, го видов знакот“.

Кучето мирно тргнало кон Алисон и тогаш таа го забележала големиот знак на тревата, кој ги предупредувал минувачите на „шемата“ на кучето. На транспарент со фотографија од кучето пишувало: „Јас сум Харпер. Јас живеам овде. Се преправам дека сум изгубен и дека ќе застанеш и ќе ме погалиш“.

Алисон сфатила дека Харпер малку мами и дека е само една од наивните минувачи кои наседнале на ова.



Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: