Само за љубителите на фотографирањето: Вибер ги претстави двата новитети

Само за љубителите на фотографирањето: Вибер ги претстави двата новитети

Најпопуларната апликација за разговор на нашите простори претстави два практични совети наменети за корисниците кои сакаат да се фотографираат. Вибер воведе можност за одложеното фотографирање, кое се активира во рамките на самиот разговор.

А, за да ја активирате потребно е само да ја активирате камерита, да кликнете на иконата во дното на екранот, а потоа во десниот агол на екранот ќе ја видите иконата тајмер. Со кликање на неа може да го вклучите одложеното фотографирање од 3 или 6 секунди.


А, доколку не сте задоволни од фотографијата направена на овој начин, може сами да ја „редизајнирате“. Вибер на корисниците им овозможи додавање на стикери на фотографиите, па од фотографијата од која не сте задоволни можете во неколку потези да направите нешто креативно и шеговито.

Најпрво одберете фотографија, потоа алатка за едитирање, а потоа притиснете на иконата со стикери. Изберениот стикер, потоа повлечете на фотографијата.


Можеби ќе ве интересира: