Самоиницијативно чистел по протестот: Тинејџер доби стипендија и автомобил во знак на благодарност
Тинејџерот од Буфало, кој самоиницијативно чистеше по протестот поради убиството на Џорџ Флојд, неочекувано беше награден за својот труд.
Антонио Двејн Џуниор, 18 - годишниот средношколец, доби полна стипендија на универзитетот „Медаил“ во Буфало, а во кампусот ќе може да оди со црвен Мустанг од 2004 година, кој му го подари благодарен член на заедницата, кога го видел дека чисти.
Кога неговата приказна се рашири од еден локален претприемач доби една година бесплатно осигурување за новиот лимен миленик, пренесува Си - Ен - Ен.
„Се чувствував приморано за да му помогнам“ - рече Боб Брајсленд од осигурителната компанија „Брајсленд“. „Мораме да се собереме и да покаже колку добри луѓе има овде“.
Како и другите градови ширум САД, Буфало беше погодено од демонстрациите по смртта на Џорџ Флојд. По воочената штета во својот роден град, Гвејн дури 10 часа чистел, а кога волонторите се подоцна се појавиле, сфатиле дека тинејџерот веќе имал се исчистено. Мет Блок ја видел приказната на локалните вести и бил погоден, па одлучил на момчето да му го подари Мустангот.
Вели дека не можел да се натера да го продааде, а ова бил добар начин за да се „спаси“ од автомобилот, знаејќи дека ќе биде во рацете на некој кој ќе знае да го цени.