Samsung Electronics ќе покаже на CES 2024 како подобрената вештачка интелигенција и поврзаноста овозможуваат обемни искуства во кујната
Фрижидерот 2024 Bespoke Flex™ со 4 врати, со AI Family Hub™+, со AI Vision Inside и индукциска плоча за готвење Anyplace се поврзува со апликацијата Samsung Food со ажурирана вештачка интелигенција за да се формира целосен екосистем за храна
Samsung Electronics Co., Ltd. денес најави дека на CES® 2024 ќе ги претстави најновите кујнски производи, апликации и функции на Samsung, засилени со вештачка интелигенција (AI) и поврзаност со апликацијата SmartThings, кои формираат екосистем за обезбедување повкусна храна и подобри искуства во кујната. Значајните производи и карактеристики го вклучуваат фрижидерот 2024 Bespoke Flex™ со 4 врати со AI Family Hub™+, кој е првиот фрижидер со концепт на Интернет на нешта (IoT) лансиран во 2016 година, опремен со целосно нова функција AI Vision Inside, нова индукциска плоча за готвење Anyplace и подобрена апликација Samsung Food.
„Ние сме горди и возбудени што ги прикажуваме овие функции надградени со вештачка интелигенција и поврзаност, кои со помош на најновата технологија ги подобруваат искуствата со храната и кујната“, рече Мухјунг Ли, EVP и раководител на тимот за кориснички искуства со дигитални уреди во Samsung Electronics. „Ние посветено работиме за да им дозволиме на корисниците да уживаат во многуте придобивки од нашиот иновативен екосистем за храна преку широк спектар на уреди и функции“.
AI – функции кои создаваат идеи за храна и интелигенција
За подобри искуства во кујната, фрижидерот 2024 Bespoke Flex™ со 4 врати со AI Family Hub™+ содржи различни иновативни технологии. Една импресивна нова функција е AI Vision Inside, која преку паметна внатрешна камера може да ги препознае артиклите што се ставени во и надвор од фрижидерот. Исто така, тој е опремен со технологија „Vision AI“, која може да идентификува до 33 различни артикли свежа храна врз основа на предефиниран сет на податоци кои опфаќаат приближно еден милион фотографии со храна. Со достапнипот список со храна, кој може да се уредува на екранот Family Hub™+, корисниците можат рачно да додаваат информации за рокот на траење на артиклите за кои би сакале да водат евиденција, а фрижидерот испраќа предупредувања преку својот LCD екран од 32 инчи за истекување на рокот на траење на одреден датум.
Слика од списокот со храна генериран со функцијата AI Vision Inside на Family Hub™+
Исто така, со помош на функцијата Fridge Manager, која го следи статусот на филтерот за вода во фрижидерот и предупредува кога е потребна замена, екранот Family Hub™+ нуди лесно купување на нови филтри за вода со еден клик од Amazon.
Функционалноста на екранот на уредот не застанува тука. Новата индукциска плоча за готвење Anyplace и Slide-in Range на Samsung се опремени со LCD екран од 7 инчи, на кој корисниците можат да ги видат рецептите што биле избрани и зачувани од Family Hub™+ и кои ќе им помогнат во подготовката на оброците. Новата индукциска плоча за готвење Anyplace нуди и подобрени основни функции за готвење, како што е ефикасно загревање на тенџерињата и тавите без рабови на кој било дел од плочата за готвење, а сето тоа благодарение на технологијата на индукциските намотки на Samsung. Бидејќи индукциската површина е од стакло кое не се гребе наместо од типично керамичко стакло, корисниците нема да мора да се грижат дали ќе ја изгребат при движење на садовите за готвење.
Исто така, апликацијата Samsung Food – до која сега може да се пристапи преку Family Hub™+, индукциската плоча за готвење Anyplace и Slide-in Range – носи неколку надградени AI функции. Функцијата „Personalize“3 засилена со подобрената funkcija Food AI им овозможува на корисниците да ги приспособат рецептите со цел да ги рефлектираат своите прехрамбени потреби надвор од она што беше претходно достапно - веганска, фузиска исхрана - за да се приспособат на безглутенска, пескатаријанска, безмлечна и друга исхрана. Во меѓувреме, новата функција „Image-to-Recipe“со подобрената Vision AI сега препознава оброци и повеќе прехранбени продукти од фотографии, но и истражува јадења што можат да се направат со тие состојки. И на крај, приспособениот план за оброци ги анализира информациите на корисниците преку поврзување со нивните профили на апликацијата Samsung Health за да креира персонализирани оброци врз основа на нивните здравствени потреби.
Поврзани уреди и функции засилени со вештачка интелигенција за подобра кујна секој ден
Со фрижидерот 2024 Bespoke Flex™ со 4 врати со AI Family Hub™+ како централен дел, екосистемот за храна покажува како функциите на вештачка интелигенција во овие кујнски производи и апликацијтата Samsung Food се поврзуваат и поддржуваат едни со други, овозможувајќи им на корисниците да имаат подобар однос кон нивната храна во текот на денот и обезбедувајќи целосна палета на паметни, поврзани кујнски искуства.
Апликацијата Samsung Food, исто така, се поврзува со апликацијата Samsung Health и обезбедува придобивки за животот на корисниците. Услугата ги користи здравствените информации собрани во Samsung Health за да предложи здрави, соодветни рецепти. После тоа, корисниците можат да испраќаат упатства за приготвување на овие рецепти до нивните различни кујнски уреди со само неколку притискања на копчињата.
Потоа, тука е функцијата Tap View, која нуди зголемена удобност дозволувајќи им на корисниците лесно да го пресликаат приказот од нивните паметни телефони Galaxy на екранот Family Hub™+. Понатаму, корисниците можат да уживаат и во апликациите YouTube и TikTok на екранот на фрижидерот за повеќе информации и забава.
Слика од кујна со фрижидер 2024 Bespoke Flex™ со 4 врати со AI Family Hub™+
Сите овие подобрувања се базираат на поголемата цел на Samsung да го прошири својот беспрекорно поврзан екосистем за храна базиран на вештачка интелигенција, чиј клучен фокус е да им обезбеди на корисниците супериорни искуства во кујната за кои е потребен помал напор.
Достапност
Корисниците можат да го посетат штандот на Samsung на CES® 2024 за да ја искусат подобрената вештачка интелигенција и поврзаност на иновативниот екосистем за храна.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com.
ПР објава