Samsung Electronics освои 80 награди на iF Design Awards 2023
Компанијата Samsung Electronics освои вкупно 80 награди на престижниот германски меѓународен натпревар во дизајн Меѓународен форум (iF) Design Awards 2023,. Меѓу наградените беа и фрижидерот Samsung Bespoke Infinite Line¹ и кујнските апарати кои освоија златна награда.
Основан во 1953 год. како „Die Gute Industrieform e.V.“, на форумот iF Design Award се врши сеопфатна евалуација на факторите вклучувајќи диференцијација и влијание во вкупно девет категории: производ, пакување, комуникација, професионален концепт, внатрешна архитектура, архитектура, дизајн на услуги, корисничко искуство ( UX) и кориснички интерфејс (UI).
„Важно е да се дизајнираат значајни искуства кои ги интегрираат променливите кориснички вредности со иновативни технологии. Ќе продолжиме да придонесуваме за животите на нашите корисници и нашето општество со дизајни кои ги задоволуваат сите потреби“, изјави Т.М. Рох, претседател и раководител на Центарот за корпоративен дизајн во Samsung Electronics.
Златната награда оддава признание на дизајнот кој нуди прилагодени искуства за различни животни стилови
Bespoke Infinite Line е премиум, вграден фрижидер кој е достапен при изборотна фрижидери, замрзнувачи или модели за винарски подруми, и има безвременски современ модуларен дизајн кој беспрекорно се вклопува во секој ентериер². Со едноставни линии, висококвалитетни природни материјали и карактеристики кои ја зголемуваат практичноста и го поедноставуваат складирањето на храната, Bespoke Infinite Line додава трајна вредност на кујните на корисниците.
Надворешниот дел на фрижидерот е изработен од врвен алуминиум, кој е поотпорен на вдлабнатини и гребаници и овозможува лесно бришење на траги и дамки. Внатрешноста е светла и рафинирана, со Black Metal Cooling плоча и Tunnel Lighting - две карактеристики што го отелотворуваат елегантниот баланс меѓу формата и функцијата на ладилникот.
Вкупно 80 награди, од производи до UX дизајн, вклучувајќи телевизори, апарати за домаќинството и паметни телефони
На овогодинешниот настан iF Design Awards 2023, компанијата Samsung освои вкупно 80 награди во сите категории на дизајн во кои спаѓаат групата „производ“ и UX, каде што беа најдоминантни по бројот на номинации.
Покрај златната награда за Bespoke Infinite Line, Samsung доби и награди во категоријата производи за Odyssey Ark, првиот 55-инчен заоблен екран за гејминг од 1000R, Bespoke Jet, безжичен сè-во-едно држач- правосмукалка со мултифункционална станица за чистење Clean Station™ и Galaxy Z Flip4 Bespoke Edition, паметен телефон што нуди ексклузивно искуство за прилагодување што им овозможува на корисниците да дизајнираат уред кој е уникатно нивен.
Понатаму, Samsung TV UX е исто така препознатлив по својата дизајнерска извонредност. Станува збор за опции кои вклучуваат Водич за знаковен јазик базиран на аватари, кој дава објаснувања на знаковен јазик на менијата на телевизорот, и Samsung Space Tycoon – игра базирана на симулација и управување со виртуелен простор на платформата Roblox metaverse. Таму, корисниците можат да креираат, да гејмаат и споделуваат искуства со помош на уредите Samsung.
*Достапноста може да се разликува зависно од регионот.
*Фрижидерот е достапен во дел од светот, а достапноста на другите производи варира зависно од регионот.
* ПР - објава