Samsung го проширува портфолиото на носиви уреди за напредно искуство на следење на здравјето на сите корисници
Samsung Electronics денеска ги претстави новите носиви уреди Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra[i]. Со новите паметни часовници, компанијата ја проширува достапноста на Galaxy AI[ii] и обезбедува комплетни велнес искуства[iii] на уште поголем број заинтересирани корисници.
Новите членови на семејството на носиви уреди се клучни за визијата на Samsung во која Galaxy AI поддржува подобрување на дигиталното здравје, обезбедува персонализирани увиди и прилагодени здравствени искуства, за посеопфатно разбирање на корисниците преку холистички пристап кон секојдневната благосостојба .
Добивањето точни, детални и напредни информации за личното здравје е клучен фактор во овој процес, а иновациите на сензорите на Samsung на новите Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra помагаат да се реализира оваа визија. Galaxy Watch7 ја подобрува дневната благосостојба со високо персонализирани вежби како и со интелигентни и превентивни можности за следење на здравјето. Од друга страна, Galaxy Watch Ultra, најновиот додаток на линијата Galaxy Watch, е најспособниот паметен часовник на Samsung досега, дизајниран да ги поддржува корисниците во постигнувањето извонредни спортски резултати.
„Новитетите во нашето портфолио на носиви уреди ги спојуваат најновите технологии и иновации на Samsung и им овозможуваат на корисниците детален увид во здравјето и благосостојбата, па дури и спречување на потенцијални заболувања“, рече Т.М. Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Интелигенцијата, увидите и насоките што ги нудиме во Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra ќе им помогнат на корисниците да ги претворат податоците во функционални увиди и да отворат сосема нова ера на проширени, интелигентни здравствени искуства“.
Galaxy Watch7 – Детално разбирање на секојдневната благосостојба
Galaxy Watch7[iv] е дизајниран со цел да му помогне на корисникот да стекне целосно разбирање за себе. Уредот ги поддржува корисниците да создаваат поздрави денови со повеќе начини за поддршка на секојдневното здравје. Тој овозможува детално следење на повеќе од 100 вежби и градење рутини со комбинирање на различни вежби со функцијата Workout Routine, со цел да ги постигнете вашите цели. Со функцијата Трка[v], може да се споредат тековните и минатите изведби на вежбите во реално време за полесно да се следи напредокот и да останете мотивирани. Дополнително, функцијата Состав на телото (Body Composition)[vi] нуди детална „снимка“ на телото и физичката кондиција за сеопфатно разбирање на телото.
Засилен со најмоќниот чип во семејството Galaxy Watch, Galaxy Watch7 за прв пат користи процесор направен со 3-нанометарска технологија, кој нуди беспрекорно искуство со три пати побрза централна процесорска единица[vii] и 30% подобрена енергетска ефикасност[viii]на процесорот за апликации . Покрај тоа, Galaxy Watch7 е првиот Galaxy паметен часовник со двофреквентен GPS систем[ix], кој овозможува попрецизно следење на локацијата на корисникот[x], дури и во густо населени урбани области.
Со култниот кружен дизајн, Galaxy Watch7 им овозможува на корисниците да го приспособат уредот според нивниот личен стил со нови ремчиња[xi], вклучувајќи ги и оние со ребрест дизајн со истакнати бои на рабовите, како и различни прикази на бројачи. Galaxy Watch7 носи интуитивно и беспрекорно искуство помеѓу поврзаните Galaxy уреди. Корисниците можат лесно да одговорат на порака, користејќи интелигентни предложени одговори[xii], кои го прилагодуваат тонот на пораката со анализа на претходните разговори со помош на Galaxy AI. Со помош на гестикулациите со двојно „штипкање“[xiii]лесно се управува со Galaxy Watch и поврзаниот паметен телефон, дури и кога корисниците имаат полни раце работа.
Galaxy Watch7 ќе биде достапен во две големини, со дијаметар од 40 и 44 милиметри, соодветно. Корисниците ќе ја добијат 40-милиметарската верзија во зелена или кремаста боја, додека 44-милиметарската верзија ќе биде достапна во зелена или сребрена боја.
Galaxy Watch Ultra – најдобар за страсни перформанси
Дизајниран врз основа на напредни способности за следење на здравјето, како и на моќниот хардвер на Galaxy Watch7, новиот Galaxy Watch Ultra, најновиот и најмоќниот додаток на семејството на уреди Galaxy Watch, открива унапредени фитнес искуства на ново ниво на спортски достигнувања. Уредот го следи наследството на кружниот дизајн на Galaxy Watch, со нов „јастучест“ дизајн кој додава на робусноста и на визуелниот впечаток на уредот. Во исто време, составот на динамични копчиња и круната на часовникот ги инспирира корисниците да бидат најдобрата верзија од себе, беше истакнато за време на презентацијата.
Премиум можностите се карактеризираат со екстремна издржливост и ги придружуваат корисниците кои ги поместуваат своите граници со куќиште од титаниум од 4-ти степен на цврстина[xiv] и водоотпорност од 10 ATM[xv]. Исто така, треба да се спомене дека Galaxy Watch Ultra работи на поширок опсег надморски височини, од 500 метри под нивото на морето до 9.000 метри надморска височина, за следење на напредни спортски искуства како што се пливање во океан или возење велосипед во екстремни средини[xvi].
Уредот може да следи активности на повеќе нивоа, како што е триатлонот, каде што се следи пливање, возење велосипед и трчање, користејќи нова Multi-sports tile. Дополнително, новиот Функционален праг на моќност (FTP - Functional Threshold Power) за возење велосипед прецизно ја мери максималната моќност на возење велосипед за само четири минути користејќи FTP метрика засилена со вештачка интелигенција, дозволувајќи им на страстните велосипедисти да го откријат својот уникатен потенцијал. Galaxy Watch Ultra нуди и напредна персонализирана зона на срцевите отчукувања[xvii], така што секој корисник ќе може да го прилагоди интензитетот на вежбањето, врз основа на сопствените физички можности.
Новина е и копчето Брзо копче (Quick Button) со кое е можно моментално да се стартуваат и контролираат вежбите, како и да се мапираат други карактеристики кои одговараат на моменталните потреби. Дополнително, може да се активира Сирена за итни случаи[xviii]. По вежбањето, уредот прикажува статистика на прв поглед со наменски бројачи за Galaxy Watch Ultra, кој може автоматски да се префрли во Ноќен режим на работа[xix] за најдобро читање во мрак. Покрај тоа, со максимална осветленост од 3000 нити, Galaxy Watch обезбедува читливост, дури и при директна сончева светлина. За безгрижност при долготрајни авантури Galaxy Watch обезбедува надолго траење на батеријата во семејството Galaxy Watch, нудејќи до 100 часа во Режимот за заштеда на енергија[xx] или 48 часа во Режимот за заштеда на енергија при вежбање[xxi].
Galaxy Watch Ultra[xxii] е достапен исклучиво во големина со дијаметар од 47 мм, а корисниците ќе можат да избираат меѓу титаниум сива, титаниум бела и титаниум сребрена.
Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra се првите паметниAndroid часовници засилени со оперативниот систем Wear OS 5, најмоќното издание на Wear OS досега. Новиот оперативен систем нуди напредни перформанси и енергетска ефикасност и гарантира дека корисниците можат да уживаат во беспрекорна и течна интеракција и да го користат својот Galaxy Watch подолго. Плус, тие можат максимално да уживаат во нивното искуство со носив уред со пристап до многу популарни апликации директно од нивниот зглоб, вклучувајќи ги услугите на Galaxy, апликациите на Google, како и нивните омилени апликации од трети страни.
Достапност[xxiii]
Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra ќе бидат достапни за пред-нарачка во Северна Македонија од 10-ти јули, а во малопродажба ќе бидат достапни од 24-ти јули. Galaxy Watch7 во 40-милиметарската верзија ќе биде достапен по препорачана малопродажна цена од 19,999 или од 22,999 МКД за Bluetooth односно LTE конфигурација, а верзијата од 44 милиметри ќе биде достапна од 21,499 или од 24,999 МКД во верзијата Bluetooth односно LTE. Galaxy Watch Ultra е достапен по препорачана малопродажна цена од 42,899 МКД, исклучиво во верзијата LTE.[xxiv]
[i]Достапноста може да варира во зависност од пазарот, моделот и поврзаниот паметен телефон. Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот се предмет на промена без претходна најава.
[ii]Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или доверливоста на резултатот што го обезбедуваат карактеристиките на AI. Можеби ќе биде потребно логирање во сметката на Samsung за да се користат одредени функции на Samsung AI. Услугата Galaxy AI може да биде ограничена за малолетници во одредени региони со старосни ограничувања во однос на употребата на AI. Функциите на Galaxy AI ќе бидат бесплатни до крајот на 2025 година на поддржаните уреди на Samsung Galaxy. Различни услови може да важат за функциите на AI обезбедени од трети страни.
[iii]Наменето само за општа благосостојба и фитнес цели. Не е за употреба при откривање, дијагностицирање, лекување, следење или управување со каква било медицинска состојба или болест. Сите здравствени информации до кои се пристапува преку уредот и/или апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Корисниците треба да побараат каков било медицински совет од лекар. Одредени карактеристики може да се разликуваат во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред.
[iv]Компатибилните паметни телефони и достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот, операторот или уредот.
[v] Функцијата Трка е достапна само за трчање и велосипедизам на отворено. За компаративни мерења, потребно е да се трча на истата патека како претходно генерираната патека. Корисниците можат да споредуваат со избирање на еден од записите од претходната временска рамка до 14 дена. Споредувањето на записи преку оваа функција е достапно само кога се тргнува од истата локација која била почетна точка на претходниот запис. Автоматски ќе премине во режим на трчање ако има отстапување од претходната патека за повеќе од 10%.
[vi]Функцијата Состав на телото (Body Composition) е поддржана само во серијата Samsung Galaxy Watch4 и на подоцна објавените модели на Galaxy Watch. Оваа функција не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или други вградени медицински помагала или ако сте бремени. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Резултатите од мерењето може да не се точни ако сте помлади од 20 години. Мерењата се само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицинско лице за совет.
[vii]Споредено со претходниот процесор.
[viii]Споредено со претходниот процесор.
[ix]Точноста на GPS може да варира во зависност од мрежното опкружување и други фактори. Функцијата GPS бара интернет конекција. Може да се користи на LTE модели без поврзан паметен телефон. Моделите кои не се LTE бараат Bluetooth врска со поврзаниот паметен телефон.
[x] Споредено со претходни серии на Galaxy Watch.
[xi]Дополнителни ремчиња за часовниците се продаваат одделно. Достапноста на ремчињата може да варира во зависност од пазарот или операторот
[xii]Предложените одговори се достапни само на Galaxy Watch со One UI 6 Watch или понова верзија. Часовникот бара инсталирана најнова верзија на оперативниот систем Wear OS и мора да биде поврзан со паметен телефон Samsung Galaxy објавен по серијата Galaxy S24 со One UI 6.1.1 или понова верзија, почнувајќи од јули 2024 година. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот и апликацијата. Точноста на резултатите не е загарантирана.
[xiii] Функцијата Гестикулации со двојно штипкање е стандардно исклучена. За да ја користите функцијата, таа мора да биде овозможена на Galaxy Watch или апликацијата Samsung Galaxy Wearable. Galaxy Watch мора да биде поврзан со паметен телефон Samsung Galaxy со One UI 6.1.1 или понова верзија.
[xiv]Титаниум од 4 степен е делумно нанесен на предните и задните делови од металната рамка, со исклучок на екранот и физичките копчиња. Останатите делови од рамката се мешавина од пластика и титаниум од 2 степен.
[xv] Galaxy Watch Ultra е водоотпорен 10 минути во вода на длабочина од 100 метри според стандардот ISO22810. Тестот беше спроведен во 5% солена вода и 4 ppm хлорирана вода.
[xvi]Galaxy Watch Ultra издржува температури кои се движат од -20°C до 55°C додека се носи на рачниот зглоб, базирано на резултатите од внатрешните лабораториски тестови спроведени од Samsung. Вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од околината каде што се користи. При многу високи или ниски температури, полнењето може да биде блокирано, одредени функции може автоматски да престанат да работат или да бидат недостапни или часовникот може автоматски да се исклучи заради безбедност. Дополнително, ниските температури може негативно да влијаат на работата на батеријата.
[xvii]Функцијата Персонализирана зона на срцевите отчукувања е овозможена кога се избира трчање на отворено. Потребно е постојано да трчате повеќе од 10 минути со брзини од 4 km/h или поголеми.
[xviii] Сирената за итни случаи емитува звук до 86 децибели и може да се слушне на максимално растојание до 180 метри. Јачината и опсегот на звукот може да се разликуваат во зависност од околината. Времетраењето за кое може да се активира сирената може да варира во зависност од траењето на батеријата.
[xix]Ноќниот режим е достапен само на одредени бројачи на часовникот.
[xx] Кога се користи режимот за заштеда на енергија, некои од функциите како што се Wi-Fi поврзаност, гестикулација за будење и други, може да станат недостапни. Може да има и ограничувања на брзината на процесорот, мрежата во позадина и локацијата.
[xxi] Кога се користи режимот за заштеда на енергија при вежбање, некои од функциите како што се мрежно/Bluetooth поврзување, контрола на IoT и други, може да станат недостапни. Достапно само на Galaxy Watch Ultra.
[xxii]Достапно само на LTE модел.
[xxiii] Достапноста на бојата и големината може да се разликува во зависност од пазарот или регионот.
[xxiv] Samsung Electronics Austria GmbH не ги контролира ниту влијае на продажните цени на своите продажни партнери. Продажните партнери на Samsung донесуваат сопствени, индивидуални и независни одлуки за цените.
*Пр објава