Samsung и Dezeen организираат глобален конкурс за дизајн - Re:Create конкурсот ја нагласува вредноста на одржливоста на производите и услугите на Samsung

Samsung и Dezeen организираат глобален конкурс за дизајн - Re:Create конкурсот ја нагласува вредноста на одржливоста на производите и услугите на Samsung

Објавена во: После „Школо“ // PR

КомпанијатаSamsung Electronics и глобалниот магазин за дизајн и архитектура Dezeen го објавија најновиот светски конкурс за дизајн кој ја препознава вредноста на одржливоста. Со вкупен награден фонд од 18.000 фунти, Re:Create конкурсот за дизајн ги поканува кандидатите ширум светот да ги претворат во реалност своите креативни идеи за повторна употреба, рециклирање и пренаменување на старите уреди на Samsung или нивните материјали.

Што еRe:Create конкурсот за дизајн?

Re:Create конкурсот за дизајнги одразува постојаните напори на Samsung да ги направи своите производи и услуги поодржливи. Како уште една потврда за овие напори, овој конкурс ги охрабрува апликантите да смислат иновативни начини за пренамена на старите уреди или користени материјали, претворајќи ги во нови производи или услуги за добробит на луѓето и на планетата.

Примерите го вклучуваат проектот Samsung EYELIKE™, во кој старите паметни телефони се претвораат во камери за медицинско дијагностицирање, како и најновите Galaxy уреди, чиј дизајн вклучува рециклирана пластика од искористени рибарски мрежи и SolarCell Remote, далечински управувач чија пластична компонента содржи 24 проценти рециклиран материјал и се напојува со светлина наместо од стандардни потрошни батерии. 

„Живееме во време на неизвесност и неограничени можности, особено за креативните дизајнери“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на центарот за корпоративен дизајн на Samsung Electronics. „Самсунг верува во моќта на креативноста, а нашата иднина треба да биде заштитена и трансформирана со намерни и одржливи иновации. Се надеваме дека овој конкурс ќе запали искра што ќе доведе до значајни промени за сите нас“.

Како да се пријавите?

На конкурсот може да се пријави секое лице постаро од 18 години од која било земја, без разлика дали е професионален дизајнер, студент или нема формална обука за дизајн.

Пријавувањето на конкурсот е лесно и се што треба да направите е да ја посетите официјалната веб-страница на списанието Dezeen, каде што ќе ги најдете сите детали за конкурсот, вклучувајќи ги и упатствата за влез и информациите за наградите. Сите заинтересирани треба да ја достават својата идеја на веб-страницата на Dezeen до 20 јули до 01:59 часот по локално време.

Како се бираат победниците?

Апликациите ќе поминат низ неколку кругови на евалуација, врз основа на следните четири критериуми: иновација (колку е оригинална идејата?), решавање проблеми (дали идејата предлага конкретни решенија за подобрување на животот на луѓето?), социјално влијание и влијание врз животната средина (како идејата позитивно ќе влијае на луѓето и на планетата?) и дизајн прилагоден на човекот (колку од идејата се вклопува во дизајнерската филозофија на Samsung и неговите производи или во начинот на живот на корисниците на Samsung?)

По првичните кругови, во август ќе биде објавена потесна листа на кандидати, по што стручно жири составено од уредници на Dezeen и професионални дизајнери ќе го избере победникот, второпласираниот и третопласираниот кандидат.

Првопласираниот поединец или тим ќе ја однесе главната награда во вредност од 10.000 фунти. Второпласираните и третопласираните добиваат по 4.000 фунти. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Dezeen.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телевизори, преносливи уреди, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на news.samsung.com.


ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: