Samsung и француските визионери Рејмонд и Симон Депардон внесуваат свеж поглед на спортовите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година со нова уметничка кампања во градот домаќин

Samsung и француските визионери Рејмонд и Симон Депардон внесуваат свеж поглед на спортовите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година со нова уметничка кампања во градот домаќин

Објавена во: После „Школо“ // PR

Кампањата „Olympic Games Instants Shared #withGalaxy“, која е активна на култните локации низ Париз, го претставува Team Samsung Galaxy и ја слави убавината на спортот и култната архитектура на Градот на светлината

Samsung Electronics, светскиот олимписки и параолимписки партнер, денес ја претстави новата уметничка кампања создадена од легендарниот француски фотограф Рејмонд Депардон (Raymond Depardon) и неговиот син, режисерот и фотограф Симон Депардон (Simon Depardon). Кампањата, наречена „Olympic Games Instants Shared #withGalaxy“, сега е активна низ Париз и содржи волшебни слики кои нудат нова перспектива на моќта на спортот. Ова е еден од многуте начини на кои Samsung помага да се оживее духот на Олимписките и Параолимписките игри во градот домаќин додека одбројувањето до Париз 2024 продолжува. 

Како фотограф и режисер, Рејмонд Депардон ги има создадено некои од најпознатите култни слики на векот, вклучително и портретите на спортистите во олимписките натпреварувања помеѓу 1964 и 1980 година. Новата кампања, која беше развиена во соработка со Samsung и Градот Париз, оддава почит на реномираното дело на Рејмонд и го претставува пренесувањето на факелот – култните црно-бели, архивски слики на Рејмонд се изложени заедно со новите слики од неговиот син Симон, кој го фокусираше својот објектив на некои од најновите дисциплини на Олимписките и Параолимписките игри.

Серијата слики ги прикажува спортистите на Team Samsung Galaxy: Сара Би (Sarah Bee) (брејкденс), Аурелиан Жиру (Aurelien Giraud) (скејтбординг), Мејди Шлак (Mejdi Schalck) (спортско качување) и Иван Вуаџи (Yvan Wouandji) (фудбал за слепи лица), и моментално се прикажува на девет култни париски знаменитости и градски локации, вклучувајќи ги Rue du Louvre, Pont de la Concorde и Rue des Pyramides, сè до почетокот на септември 2024 година. 

„Бев воодушевен што учествував во овој проект затоа што првпат досега се прикажуваат мои фотографии, покрај оние на мојот татко“, рече Симон Депардон. „Уметничкото дело не само што прикажува четворица неверојатни француски спортисти и нивните спортови, туку сакав да го прикажам и човечкиот карактер на секој спортист истовремено сликајќи ги нивните портрети“, додаде Депардон. „Перформансите на Galaxy S24 се извонредни и ни отворија навистина многу можности за да создадеме нешто што уметнички се вклопува со градот“.

Од 24 јуни до 8 септември 2024 година фановите се поканети да учествуваат во кампањата со споделување пораки за поддршка на Team Samsung Galaxy преку QR-код прикажан на секоја слика. Пораките ќе бидат прикажани на Samsung Olympic™ rendezvous @ Samsung | Champs-Elysees 125 and Village Plaza, изложбениот простор на Samsung во рамките на Олимпиското и Параолимпиското село, за време на Олимписките и Параолимписките игри. 

„Мисијата на Олимписките и Параолимписките игри е да го спојат светот во духот на отвореноста“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), EVP и раководител на одделот за маркетинг на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Преку нашата заедничка кампања со Рејмонд и Симон Депардон, Samsung ја користи иновативната Galaxy технологија за да напише уште едно поглавје во речиси 40-годишната приказна за поддршка на најдобрите идеали што ги нудат Олимписките и Параолимписките игри“.

Дополнителните локации на 10-те слики од кампањата – две од легендарните фотографии на Рејмонд Депардон и осум нови фотографии од Симон Депардон – се: Gare de L'Est, Quartier Saint-Germain, Port d'Orléans, Stade de France, Rue Vieille du Temple и Opéra. За повеќе информации, посетете https://withgalaxy.galaxyexperienceparis.com/en.

Локации на кампањата „Olympic Games Instants Shared #withGalaxy“

·187 Rue St-Honoré, 75001 Paris

·288 Boulevard St-Germain, 75006 Paris

·13 Rue du Louvre, 75001 Paris

·33 Avenue Jules Rimet, 93200 Saint-Denis

·36 Avenue de l’Opéra, 75004 Paris

·29 Boulevard Romain Rolland, 92120 Montrouge

·95 Rue Vieille du Temple, 75004 Paris

·51 Rue Bonaparte, 76006 Paris

·117 Rue du Faubourg Saint-Martin, 75010 Paris

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

За вклученоста на Samsung во Олимписките игри

Samsung е светски олимписки партнер уште од Зимските олимписки игри во Нагано во 1998 година. Повеќе од 25 години, спортистите и обожавателите ѝ веруваат на трансформативната мобилна технологија на Samsung, која го споделува олимпискиот дух на глобално ниво и продолжува да ја обликува дигиталната иднина на Олимписките игри во Париз во 2024 година, но и понатаму. Посветеноста на компанијата кон Олимпиското движење наскоро се соочува со својата четврта деценија на партнерство и ќе трае до Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година. Целните иновации на Samsung во категоријата уреди за безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучително и уреди со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, проширена реалност и 5G ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките игри.

За вклученоста на Samsung во Параолимписките игри

Samsung е светски партнер на Меѓународниот параолимписки комитет (IPC) во категоријата уреди за безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од зимските Параолимписки игри во Торино во 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од игрите преку трансформативната мобилна технологија на Samsung. Посветеноста на Samsung на Параолимписките игри ќе трае до Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година и ќе се слави преку иновативни мобилни и компјутерски искуства поттикнати од целни иновации во категоријата уреди за безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи уреди со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, проширена реалност и 5G.


ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: