Samsung на саемот CES® 2023 ја сподели својата визија за мирно и поврзано искуство на користење на уредите

Samsung на саемот CES® 2023 ја сподели својата визија за мирно и поврзано искуство на користење на уредите

Samsung ја претставува стратегијата и посветеноста да го исполни ветувањето за поврзано искуство и да придонесе за поодржлива иднина

Компанијата Samsung Electronics ја споделијасвојата визија за помирен поврзан свет преку врвни технологии кои го подобруваат животот на корисниците преку обезбедување попаметни и поинтуитивни искуства. На прес-конференција на CES® 2023, Samsung и неговите клучни партнери се собраа за да презентираат детали за тоа како планираат да изградат подобро поврзан свет, а истовремено да придонесат за поодржлива иднина.

Јонг-Хи (Џ.Х.) Хан, потпретседателка, извршна директорка и шеф на DX (Device eXperience) во Samsung Electronics на овогодинешниот CES 2023 ја претстави компанијата Samsung и нејзината стратегија за поврзаното искуство преку клучните допирни точки во нашите животи - во нашите домови, автомобили и на работа – додека истовремено работат на изградба на поодржлива иднина. Стратегијата претставена за време на прес-конференцијата се фокусираше на целта на компанијата да донесе мир во нашиот поврзан свет, така што уредите и иновациите навистина можат да овозможат подобри, персонализирани и интуитивни искуства. За да го постигне ова, Samsung се фокусира на беспрекорно поврзување на уреди и дизајн на производи за да ја направи секојдневната употреба на технологијата поодржлива.

"Свесни сме  дека нашата визија е огромна", рече изјави извршната директорка ЈХ Хан. "Се работи за решавање на реални предизвици денес и разбирање на идните потреби и аспирации на потрошувачите. Ќе треба време, иновации и соработка со партнерите низ целиот свет. Посветени сме на остварување на нашата визија и веќе се движиме во таа насока."

Samsung ја вклучува одржливоста на секое ниво

Животната средина е приоритет на Samsung преку комбинација на цели за одржливост, иновативен дизајн на производи и стратешки партнерства. Како резултат на тоа, до 2050 година, сите компании на Samsung ќе ги задоволат своите потреби за електрична енергија со обновливи извори на енергија и ќе постигнат нето нула емисии на јаглерод. Во блиска иднина, дивизијата DX ќе премине кон 100 проценти обновлива енергија до 2027 година и ќе постигне нето нула емисии на јаглерод до 2030 година.

За да ги унапреди целите за одржливост на компанијата, Samsung истакна дека секојдневната одржливост - инкорпорирање на карактеристиките за одржливост во најпопуларните производи и услуги на компанијата - ќе придонесе за поздрава животна средина. Ова вклучува создавање поодржливи производи преку иновативен дизајн на материјали и енергетска ефикасност.

„Со имплементирање на одржливост во искуството на производите, ние и многуте луѓе ширум светот кои ги користат нашите производи можеме да придонесеме за поздрава околина“, рече Инхи Чунг, потпретседателка на Центарот за корпоративна одржливост во Samsung. „Како резултат на тоа, некои од нашите најпопуларни сега се воедно и нашите најодржливи производи“ .

Samsung објави дека голем дел од телевизорите и паметните телефони користат рециклирани материјали, вклучително и рециклирана пластика од фрлените рибарски мрежи, додека домашните апарати, меморијата и чипсетите за радио 5G на компанијата придонесуваат за заштеда на енергија за корисниците. Покрај тоа, поврзаните услуги на Samsung, како што се SmartThings Energy и AI Energy Mode, исто така им помагаат на потрошувачите да заштедат енергија и да ги намалат трошоците додека го намалуваат нивното севкупно влијание врз климата.

Samsung, исто така, ја делеше сцената со Patagonia, глобален лидер во производството и дистрибуцијата на облека на отворено, за да го споделат искуството и да зборуваат за партнерството за борба против проблемот со микропластиката - ситни честички кои често се наоѓаат во облеката и се испуштаат во океаните, езерата и реките преку перење облека. Винсент Стенли, директор за одделот филозофија во Patagonia, на прес-конференција на Samsung зборуваше за тоа како двете компании развија нова технологија за перење наречена Less Microfiber Cycle[1], која моментално е инсталирана во машините за перење Samsung и која може да го намали ослободувањето на микропластика за 54%[2]во текот на целиот циклус на перење. Како и Less Microfiber Cycle, Samsung и Patagonia неодамна развија нов Less Microfiber Filter[3], што го намалува ослободувањето на микропластиката со тоа што го спречува нивното ослободување во океаните и морињата на крајот од циклусот на перење.

Во меѓувреме, Џејмс Квон, менаџер на производи во ENERGY STAR за електроника за широка потрошувачка во Американската агенција за заштита на животната средина (EPA), објави дека поврзаното домашно искуство на Samsung со SmartThings е првиот масовен систем за управување со енергија за паметни домови што го доби престижниот сертификат ENERGY STAR SHEMS . Samsung, исто така, продолжува да работи со различни засегнати страни во своите напори за поголема одржливост. На пример, Samsung им се придружи на Carbon Trust и другите технолошки лидери за да развијат спецификација прва во индустријата за мерење, пресметување и декарбонизација на емисиите поврзани со поврзаните уреди додекаистите се користат од корисниците.

Поврзан дом и поврзан живот изграден на удобност

Samsung планира детално да го овозможи поврзаното искуство денес, но и во иднина. За време на прес-конференцијата на компанијата, Џејон Јунг, извршна потпретседателка и шеф на одделот SmartThings, истакна дека функциите како што се SmartThings Home Monitor и SmartThings Pet Care носат удобност на поврзаното искуство со следење и споделување предупредувања за се што е невообичаено - за луѓе и домашни миленици. Овозможени од Samsung Smart TV, овие услуги се само неколку од многуте начини на кои Samsung и поврзаната платформа SmartThings создаваат уште попаметен дом.

Клучен дел од оваа визија е зголемената интероперабилност, која им овозможува на потрошувачите да поврзат повеќе од нивните уреди, без разлика дали се од Samsung или партнерски брендови. Бидејќи индустријата сака да донесе ново ниво на компатибилност преку стандардот за паметни домови Matter, Samsung ја нагласи својата посветеност на оваа филозофија на партнерство. SmartThings беше еден од првите брендови што го усвои Matter, а Samsung е еден од основачите на иницијативата Home Connectivity Alliance (HCA).

Исто така, на прес-конференцијата на CES, Samsung ја објави својата најнова иновација за паметни домови, со SmartThings Station - нејзиниот прв производ што ја има вградено поддршката за Matter од самиот почеток. Тоа е пригоден, нов начин за лансирање на искуства со SmartThings дома и за полесно да комуницирате со поврзаните уреди. SmartThings Station го претвора безжичниот полнач Samsung во паметна централа за домот што може беспрекорно да ја промени состојбата на вашиот дом со притискање на копче[4].

Фокусот на поврзаните искуства се прошири и на откривањето на нови партнерства, вклучително и најавата за проширена соработка со компанијата Philips Hue. Џаспер Верворт, виш потпретседател и генерален директор на Philips Hue, разговараше за нов начин за синхронизација на содржината од телевизорот Samsung со осветлувањето на Philips Hue преку апликацијата Philips Hue Sync TV, која може да се преземе од продавницата за апликации на телевизорите Samsung. Ова е првото решение за синхронизирање на осветлувањето и содржината од телевизор Samsung без дополнителен хардвер.

Со повеќе поврзани уреди од кога било, Samsung, исто така, детализираше како иновациите во безбедноста и приватноста ќе бидат клучни за градење на екосистемот на поврзани уреди. Компанијата ги подигнува своите искуства за безбедноста на уредите на следното ниво со своето претстојно решение, Samsung Knox Matrix, кое практично и безбедно ќе ги синхронизира важните лични податоци и документи низ уредите додека ги заштитува чувствителните информации преку повеќеслојно следење peer-to-peer овозможено со приватна блокчејн технологија.

Поврзаното искуство се протега и на вашето патување на работа. Маркус Футерлиб од компанијата Harman ги претстави плановите на Samsung и Harman за воведување на ново ниво на интелигенција, персонализација и погодност за т.н. искуство „во внатрешноста на автомобилот“ (ICX). Централно место во овој напор е Harman Ready Care, кој користи алгоритам за машинско учење за собирање и обработка на податоци од сензорите на автомобилот за мерење на поспаноста и одвлекувањето на вниманието  на возачот, обезбедувајќи приспособени интервенции за да се намали ризикот и да се подобри благосостојбата на возачот.

Визија за иднината

Компанијата, исто така, воведе иновации и технологии од следната генерација користејќи ја најновата вештачка интелигенција (VI). Искуствата овозможени од Spatial AI – како во JetBot AI+ – ја поставуваат основата за подобри домашни искуства прилагодени на димензиите и околината на вашиот простор.

Samsung, исто така, воведе Relumino Mode, кој ќе дел од одбраните модели на Samsung Neo QLED 8K и 4K телевизори од 2023 година оваа година, за да овозможи гледање за лицата со оштетен вид. Режимот Relumino ги нагласува контурите и го подобрува контрастот и бојата за да ја направи содржината појасна и полесна за уживање. Покрај тоа, Samsung, исто така, прикажа нов пар Relumino очила, кои дебитираа на CES 2018 како дел од неговата програма за забрзување за стартување C-Lab, како и нејзината мобилна апликација за да го направи визуелното искуство попријатно и персонализирано на секој екран.

За повеќе информации, посетете ја https://www.samsung.com/us/.

*НАПОМЕНА – Сите функции, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени овде, вклучително, но не ограничувајќи се на придобивките од производот, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите се предмет на промена без најава или обврска. Достапноста на горенаведените производи, услуги и карактеристики може да се разликуваат во зависност од пазарот.

*пр објава


Можеби ќе ве интересира: