Samsung отвора „Galaxy Experience зони“ и ги поканува обожавателите во новата ера на Galaxy AI
Experience зони во осум градови ќе им овозможат на корисниците на новите уреди на Samsung Galaxy да уживаат во новите функции на Galaxy AI
Samsung Electronics Co., Ltd. го најави отворањето на нови „Galaxy Experience“ зони ширум светот за да прикаже како Galaxy AI овозможува нови начини за поврзување, создавање и забава. Зоните, кои се отвораат по настанот Galaxy Unpacked, на фановите ќе им ги донесат најновите иновации на Samsung во градовите како Бангкок, Барселона, Берлин, Дубаи, Лондон, Њујорк, Париз и Сеул.
„Samsung Galaxy ги збогатува луѓето со нови искуства и нови начини да го прават она што го сакаат. Со Galaxy AI, ги редефинираме можностите на мобилниот телефон. Овие зони ќе им дадат шанса на обожавателите на Galaxy од прва рака да ја искусат новата ера на технологијата и едвај чекаме да видиме како Galaxy AI ги охрабрува луѓето да го ослободат својот потенцијал“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), извршен потпретседател и раководител на одделот за маркетинг на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics.
Веднаш по влегувањето во овие зони, посетителите ќе знаат дека зачекориле во светот на можности кој го движи Galaxy AI. Сето она што посетителите ќе го искусат ќе им биде достапно многу наскоро на најновите уреди на Galaxy. Движејќи се низ интерактивните и воодушевувачките зони, посетителите ќе видат како Galaxy AI ги зајакнува секојдневните активности како никогаш досега, од откривање нови места до снимање и споделување содржина и комуникација надминувајќи ги јазичните бариери[1].
Во секој дел, посетителите ќе доживеат различни пресврти на она што Galaxy има да го понуди. Функцијата Nightography, која е омилена на фановите и новото ниво на гејминг ќе ги воодушеват посетителите, инспирирајќи ги со нови начини да бидат креативни и да се забавуваат со најсовремената технологија. Додека ги истражуваат и тестираат функциите, посетителите ќе добијат ваучери што можат да ги заменат за ексклузивни подароци пред да заминат. Покрај тоа, тие ќе имаат можност да заминат со специјална награда учествувајќи во наградна игра. [2]
Локации на Galaxy Experience зони:
·Бангкок: 18.01 – 11.02во Central Ladprao, 1691 Phahonyothin Road, Chatuchak 10900, Бангкок, Тајланд
·Барселона:15.02 – 29.02во Plaza Catalunya, L'Eixample, 08002 Барселона, Шпанија
·Берлин:17.01 – 14.02во Mall of Berlin, Leipziger Platz 12, D-10117 Берлин, Германија
·Дубаи: 18.01 – 14.02во Dubai Mall, Mohammed Bin Rashid Boulevard, центарот на Дубаи, Обединети Арапски Емирати
·Лондон: 17.01– 14.02во Westfield White City, 1081 Ariel Way, Лондон W12 7GF, ОК
·Њујорк:17.01 – 16.02во50 W. 34 St., Њујорк, NY 10001, САД
·Париз:17.01 – 14.02 во Westfield La Defense, 15, Parvis de la Défense, Puteaux 92092, Франција
·Сеул:18.01 – 12.02на Times Square, 15 Yeongjung-ro, Yeongdeungpo-gu, Seoul / Shinsegae Central City, 176 Sinbanpo-ro, Seocho-gu, Сеул, Кореја
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom http://news.samsung.com.
[1] Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот.
[2]Планирањето и подароците може да се разликуваат во зависност од регионот.
*пр објава