Сања Вучиќ е среќна во новата љубов: Романтичниот момент го сподели на социјалните мрежи (ФОТО)
Сања Вучиќ објави фотка со новото момче...
Во српските медиуми неодамна одекна веста дека пејачката Сања Вучиќ има ново момче и тоа сопственикот на клубот во кој настапувала со колешките од групата „Хјурикејн“.
Сања првенствено не сакаше да го коментира својот приватен живот, и досега ниту потврдуваше, ниту ја демантираше веста за новата љубов. Сега, сепак призна дека е заљубена.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која со новото момче се држат за раце, а романтичниот момент беше придружуван од песната која ја додаде.
За потсетување, се шпекулира дека момчето на Сања е Ненад Цицмил, сопственик на локал во кој таа настапувала.
„Ќе останам доследна на она што веќе го изјавив. Не би коментирала и не би го ставал својот емотивен живот во прв план“ - изјава неодамна пејачката.
Двојката беше откриена веднаш по видеото кое Ненад го објави на својот Инстаграм профил, а кое може да го погледнете ТУКА.
фото: Принтскрин / Инстаграм