Сања Вучиќ ѝ честиташе роденденот на мајката на Немања Гудељ: Поради нејзиниот коментар многумина сметаат дека биле нешто повеќе
По ова многумина почнаа да се сомневаат дека помеѓу пејачката и фудбалерот имало нешто повеќе од пријателство...
Мајката на Немања Гудељ, Оливера Гудељ во текот на викендот го прослави својот роденден, а честитките од пријателите и бројните обожаватели на фудбалерот, пристигнуваа од сите страна.
Имено, Вања, ќерката на Оливера објави селфи и на тој начин ѝ го честиташе роденденот на својата мајка, по што честитките почнаа да се редат.
Коментарот кој привлече најголемо внимание е оној кој го остави Сања Вучиќ, за која во медиумите се пишуваше дека била во врска со Немања, меѓутоа, пејачката тоа го демантираше.
Што и да се случувало помеѓу нив, пејачката останала во контакт со семејството на фудбалерот, и на Инстаграм ѝ изјави љубов со кратката порака „Schatjes“, што во превод значи (душички, милички...).
Нејзиниот коментар ги започна шпекулациите дека сепак биле повеќе од пријатели, но не сакале сето тоа да биде пропратено од будното око на јавноста.
За потсетување, Анастасија го бодреше своето момче на светското првенство во Катар, а по враќањето на српскиот фудбалер во Белград, таа го пречека на аеродром. Вечерта ја поминаа во вилата на Дедиње, а потоа заедно продолжија на романтично патување.
фото: Принтскрин / Инстаграм