Сања Вучиќ објави соло песна и за првпат гостуваше без Ивана и Ксенија: Можев да се потпрам на нив, сега сè е на мене

Сања Вучиќ објави соло песна и за првпат гостуваше без Ивана и Ксенија: Можев да се потпрам на нив, сега сè е на мене

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Пејачката вчера објави нова песна со која го најавува почетокот на нејзината соло кариера

По распадот на познатата група „Ураганки“, членовите на оваа група решија да градат соло кариери. Првиот чекор кон тоа го направи пејачката Сања Вучиќ која го објави својот прв сингл наречен „Омаџијан“.

За време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, за прв пат како соло пејачка, без Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ, призна дека и било многу чудно да се појави сама.

- Уф! Да, звучи малку неверојатно, но да. Се чувствувам многу чудно, малку искрено. Денеска излезе мојата нова песна „Омаџијан“, веќе некое време ми седеше во фиока и мислам дека е време да ја види светлината на денот. Можам да кажам дека сум многу возбудена, се ми оди одлично, презадоволна сум, како и целиот тим - истакнува Сања, додавајќи дека не и е грижа што првпат доаѓа на гости без колегите.

- Чудно ми е, секогаш имав предност да се потпрам на една од двете, во стилот на пример, а сега некако се е на мене – вели Вучиќ.

Слушнете ја новата песна на Сања:


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: