Сара Јо има виножито фризура: Дали е ова нов тренд во најава? (ФОТО)
Српската пејачка Сара Јо е позната по тоа што често експериментира со стилот, а многу често и започнува нови модни трендови и трендови за фризура.
Дали ќе биде така и овојпат?
Деновиве пејачката има нова фризура односно нејзината коса е во виножито боја. Виножито косата е тренд кој трае со години во светски рамки, а сега и оваа популарна пејачка се одлучи да го испроба.
Таа сега косата ја носи во високо виножито опавче и дефинитивно одлично ѝ стои.