Сара Јо како Токио од „La Casa de Papel“: Ова особено му се допаѓа на нејзиното момче (ФОТО)
Една обожавателка ја забележа сличноста помеѓу пејачката и актерката...
Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо доби комплименти дека со ликот потсетува на актерката Урсула Кобреро, која широката јавност ја запозна од серијата „La Casa de Papel“, каде го толкуваше ликот на Токио.
Имено, една обожавателка сподели фотографија на која ги спореди пејачката и актерката, истакнувајќи дека Сара потсетува на Урсула, а особено поради новата фризура на Јовановиќ. На прв поглед навистина е така. Аголот од кој се фотографирани, покажува дека се идентични. И двете имаат иста фризура, нос, усни - сѐ е речиси исто.
Инаку, оние кои ја гледале серијата, можеби и не би со сложиле со ваквата споредба, бидејќи Токио во серијата има поинаква фризура, но секако е неминовен фактот дека на прикажаната фотографија Сара потсетува на Урсула, поради фризурата, цртите на лицето, очите, носот, а имаат и ист облик на веѓи.
Јовановиќ, оваа фотографија ја сподели и на својот Инстаграм профил, истканувајќи дека на нејзиното момче оваа споредба навистина му се допаѓа.
фото: Принтскрин / Инстаграм