Сара Јо повеќе не крие дека е во врска: Прва заедничка фотка на пејачката и згодниот Словенец

Сара Јо повеќе не крие дека е во врска: Прва заедничка фотка на пејачката и згодниот Словенец

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Популарната пејачата Сара Јо повеќе не крие дека е во врска со танчерот Жига Сотлар, па по тој повод ја објави првата заедничка фотографија.

Дека дефинитивно отвори ново поглавје во животот, како што велеше дека ќе направи, говори и новата врска на популарната пејачка Сара Јовановиќ. Имено, Сара неодамна откри дека поминала низ многу лош период во животот, поради кој одлучила да оди на психотерапија.

Тогаш јавно зборуваше дека тоа е најдобрата одлука која ја донела, а кога новинарите ја прашаа за нејзиниот љубовен статус, таа одговори дека „почнува ново поглавје во животот“.

Медиумите веќе пишуваа за тоа дека срцето на Сара го освоил згодниот Словенец Жига Сотлар, успешен танчер кој е добро познат на ѕвездите на српската јавна сцена.

Пејчаката не ги коментираше овие наводи. Со оглед на тоа дека беше во врска со продуцентот Милко Бабиќ, на прашањето дали е вистина дека ја прекинала врската, Сара одговори: „Учам словенечки“.

Со тоа јасно стави до знаење дека е во емотивна врска со Жига. Дефинитивно е дека повеќе не сакаат да ја кријат врската, па по тој повод, пејачката ја објави првата заедничка фотографија.

Сара ја има потпрено главата на рамето на згодниот Словенец, а неговиот поглед е насочен кон неа, а сето ова зборува повеќе од илјада зборови.

фото: Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: