Саша и Сузана прават гала прослава од 25.000 евра за синот Данијел: Цела естрада ќе присуствува на свадбата - ова се деталите

Саша и Сузана прават гала прослава од 25.000 евра за синот Данијел: Цела естрада ќе присуствува на свадбата - ова се деталите

Објавена во: Живот // Живот

Семејството Поповиќ го одбра најскапото мени, од 85 евра по лице, во кое е вклучено богато послужување...

Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ во четврток ќе прават гала прослава во еден ресторан во српската престолнина, бидејќи нивниот постар син Данијел ќе се жени со неговата долгогодишна избраничка Тијана.

Тие двајца се запознале во „Гранд продукција“, каде тој работел како тонец, а таа и понатаму е вработена како шминкерка. Младенците и нивните родители се погрижија за секој детаљ, па така одлучија веселбата да биде во работен ден, поради тоа што пејачите се ангажирани за време на викендот.

Семејството Поповиќ го одбра најскапото мени, од 85 евра по лице, во кое е вклучено богато послужување. На гостите ќе им бидат послужени повеќе од 20 вида сирења, пршута, домашни производи, неколку вида месо, морски плодови, прилагодена исхрана (веганска и вегетаријанска), како и најскапите вина и жестоки пијалоци. Салата ќе биде декорирана по нивна желба. Се очекува да имаат повеќе од 300 гости, најмногу пејачи од естрадата, наведува „Курир“.

Сузана и Саша своите деца ги имаат изнесено на вистинскиот пат, а пејачката имала, како што саката вели, среќа да го запознае Поповиќ, кој Данијел го прифатил како свое дете. На венчавката посебно се радува нивната ќерка Александра, која е многу поврзана со нејзиниот брат.

„Александра е пресреќна. Јас сум под најголем стрес, а моите деца како да не се женат и мажат, тие се флегматични, кај нив сѐ оди полека. Кога ѝ да им се јавам да ги прашам дали завршиле со организацијата, само ми велат: „Мамо, сѐ е под контрола, опушти се“. Младенците навистина не сакаат ништо големо и спектакуларно, и двајцата се скромни, но на крајот список се проширува, бидејќи не можеме да не ги викнеме луѓето на чии веселби сме биле. Колку и да дојдат, сите се добредојдени, само сѐ да помине во најдобар ред. Веселбата се прави еднаш во животот, на синот и снаата им кажав: „Свадба се прави еднаш и повеќе не““ - објасни Сузана за „Курир“.

Пејачката вели дека е презадоволна од снаата:

„Таа е многу едноставна девојка што со неа никогаш нема никаков проблем. Кога е некој скромен, едноставен и нормален, тогаш ништо не е тешко. Вредна е и многу внимателна, на почетокот ѝ давав некои совети поврзани за Данијел, како што треба да се направи или не треба, но тоа се ситници. Како и секоја мајка, за доброто на децата и нивната среќа, бидејќи сепак ние сме најсреќни кога децата се среќни и добро се согласуваат“.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: