Саша Ковачевиќ се огласи откако излезе од болница: Пејачот е видно ослабен откако помина еден месец на клиника (ВИДЕО)
Најави дека наскоро ќе се врати на сцената…
Поп-пејачот Саша Ковачевиќ изминатиов месец имаше здравствени проблеми поради кои се повлече од јавноста.
Во Ургентниот центар бил примен на 20 мај, откако му била лоша крвната слика и почувствувал слабост.
Саша изгледал лошо. Лекарите веднаш му го отвориле досието и го испратиле на испитување. Направени му биле детални анализи, но крвната слика не му била добра, а информацијата дека на пејачот не му е добро ја потврдија и од неговиот ПР тим.
Неколку дена подоцна Ковачевиќ е пуштен од болница на домашно лекување.
- Саша повеќе не е во болница. Тој отиде дома со совет од лекар. Тој е фино и културно момче, сите имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не се грижи доволно за себе. Веруваме дека се ќе биде во најдобар ред и дека на прво место ќе се стави себеси - изјави тогаш близок пријател за српски Курир.
По еден месец напорна борба за да го доведе здравјето во ред, се огласи и Саша, кој им се заблагодари на сите лекари и поддржувачи за грижата.
- Драги мои, по речиси еден месец отсуство, треба да ве контактирам. Најпрво сакам да ви се заблагодарам за грижата и љубовта. Би сакал да упатам голема благодарност до Ургентниот и клинички центар кои се грижеа за мене сите овие денови. Жал ми е за сите концерти што не можеа да се случат, но одиме силно од јули. Подготвувам нови песни и добри работи, па наскоро ќе се дружиме - објави Саша на Инстаграм.
Колку што можеме да видиме на видеото, пејачот е видно ослабен, што навистина укажибва дека позадинего остава еден лош период.
Фото: Саша Ковачевиќ Инстаграм