Save the Children: Десет милиони деца во светот можеби нема да се вратат во училиште

Save the Children: Десет милиони деца во светот можеби нема да се вратат во училиште

Објавена во: Совети // School zone

Пандемијата на коронавирус предизвика глобална „криза во образованието без преседан“, со скоро 10 милиони деца кои се погодени со затворањето на училиштата и кои можеби никогаш повеќе нема да се вратат во своите одделенија, објави во организацијата Save the Children.

Повикувајќи се на податоците на УНЕСКО, британската хуманитарна организација соопшти дека во април, откако биле воведени мерки низ целиот свет за да спречи ширењето на вирусот, 1,6 милијарда млади луѓе - скоро 90% се ученици и студенти - престанеле да одат на училиште или на факултет.

„По првпат во историјата на човешството, образованието е прекинато во целиот свет за цела генерација на деца“ - наведува организацијата во својот извештај.

„Околу десет милиони деца можеби никогаш нема да се вратат во училиште - станува збор за криза без преседан.“

Save the Children предупредува дека поради економските последици од пандемијата, дополнителни од 90 од 117 милиони деца би можеле да завршат во сиромаштија, што повторно би можело да има последици на нивното продолжување на образованието.

Многу млади луѓе би можеле да бидат присилени да започнат да работат, а девојчињата би можеле да бидат поттикнати да се мажат, за да може да им помагаат на своите семејства. Поради тоа, помеѓу 7 и 9.7 милиони деца ширум светот би можеле засекогаш да го напуштат школувањето, наведува организацијата.

Во исто време, Save the Children предупредува дека поради економската криза, буџетите за образование во земјите со ниски и средни приходи би можеле да се намалат за 77 милијарда долари.

„Околу 10 милиони деца можеби никогаш нема да се вратат во училиште - станува збор за криза без преседан и владите мора итно да делуваат“ - вели Ингер Ашинг, член на Save the Children.

„Владите би требало да го зголемат финансирањето на образованието, а неместо тоа, ризикот од намалување ќе се зголеми, што ќе доведе до драматично зголемување на нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните, момчињата и девојчињата“ - додава таа.

Save the Children повикува владите и приватните донатори да го зголемат финансирањето на образованието за децата да се вратат во училиштата кога тоа ќе биде можно и за во меѓувреме да може да се одвива учењето на далечина.

Извор: byka.com

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: